„Ме запроси со прстенот од баба му, не знаев дали да плачам или да се смеам“
Некои ја жалеа дека ѝ дал навистина ужасен прстен, а други му порачуваа да си го земе и да бега од оваа „невеста од кошмарите“.
На Reddit осамна објава од една анонимна жена која сподели фотографии од нејзиниот свршенички прстен и откри дека го мрази.
Партнерот ја запросил со прстенот кој му бил семејно наследство од баба му.
„Кога го извади прстенот и го видов како изгледа се трудев да не се насмеам, се прашував дали ова што го гледам е реално или не.“
Винтиџ прстенот е златен со голем бисер и сигурно има сентиментална вредност за него, но идната невеста не е импресионирана од него. Таа вели дека се обидува да се навикне на него, но тешко ѝ оди.
Во коментарите на Reddit некои ја поддржаа, но некои ѝ кажаа дека е неблагодарна и треба да биде среќна што ја побарал за жена. Еден отиде дотаму што ѝ порача: „Се надевам дека ќе си го земе и ќе си замине од тебе.“
Што мислите вие?
Дел од коментарите за прстенот:
С. С. | Црнобело