Правила до кои треба да се придржувате кога сте поканети на свадба за да оставите добар впечаток

Ако мислите дека кога ќе добиете покана за свадба, а не можете да одите, не треба да го најавите тоа, се лажете.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-01.jpg

Постојат правила за културно однесување и кога сте поканети на свадба, со што треба да го потврдите присуството и да се водите по уште неколку правила за да оставите добар впечаток.

Бонтонот нè следи насекаде, па добро е да знаете како да се однесувате кога ќе ве поканат и кога сте гости на свадба.

Водете се по следниве правила:

1. Задолжително потврдете го вашето присуство или најавете дека нема да може да дојдете, за да знаат да ве планираат во бројот на места и порции.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-02.jpg

2. Обрнете внимание на дрес кодот, бидете елегантно облечени, а не целосно лежерни и не носете бела боја за да не ја засените невестата.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-03.jpg

3. Доколку сте поканети со +1, тоа не значи дека баш мора да донесете било кој, туку некој соодветен (партнер) доколку сметате дека треба и исто така треба да потврдите дали доаѓате сами или не.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-04.jpg

4. Не е културно да се појавите на свадба без никаков подарок, независно дали е нешто купено или се пари во плико.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-05.jpg

5. Немојте да се правите како вие да сте фотографот и да му пречите на вистинскиот додека се обидува да направи совршени фотки од младенците.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-06.jpg

6. Не претерувајте со алкохолот и не се однесувајте како на средношколска забава - на свадбите има многу гости, пред кои треба да останете приземни и културни, а не да правите сцени и да го уништите единствениот ваков ден кој го има парот.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-07.jpg

7. Во ред е да ви е мерак да објавите некоја фотографија на социјалните мрежи доколку сте блиски, но тоа не значи уште веднаш да направите цел албум со 30 слики, уште пред тие да успеат да ги добијат и објават.

pravila-do-koi-treba-da-se-pridrzhuvate-koga-ste-pokaneti-na-svadba-za-da-ostavite-dobar-vpechatok-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
35 фризури за свадба за невести кои немаат идеја (фото) Фризурата за свадба е од големо значење за секоја невеста – како се замислувате ...
Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
Необични свадбени и брачни обичаи од Србија: Сопругот се преправа дека е „бремен“, свекрвата танцува... Маж глуми трудница, свекрвата танцува на поткровјето... Ова се само дел од обича...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg