Лежерни, отмени и свечени: Совршени невестински фризури за летните свадби (фото)
Како вашата коса да изгледа прекрасно на големиот ден, а да не ви биде пеколно жешко поради високите температури?
Јуни, јули и август се месеци во кои се организираат голем број на свадби. Ако и вашата е закажана во лето, тоа значи дека треба да обрнете внимание на неколку важни работи при организацијата.
Фустанот, косата, шминката – сѐ мора да биде во совршен ред. Топлото време е предизвик, затоа што можно е да ви го расипе изгледот, или, пак, расположението.
Високи температури, ветер или евентуално дожд – потребно е да бидете подготвени за секакво сценарио, доколку сакате свадбата да помине баш како што сте си замислиле.
Овојпат се фокусираме исклучиво на фризурата за летните венчавки. Најдобра опција е целата коса или дел од неа да се поткренати, за да не ви биде прежешко во текот на денот.
Што се однесува до декорациите, цветните круни и шноли се модерни и шик варијанти за ова годишно доба, а ќе го кренат вашиот имиџ на сосема ново ниво. Неверојатно убаво стојат и деталите од бисери.
Плетенки, пунџа, кадрици – секоја варијација на фризура е дозволена, така што изборот е навистина голем. За да ви ја олесниме одлуката, издвоиме низа прекрасни предлози за невестински фризури.
Сигурни сме дека ќе ве инспирираат, или, пак, ќе ви дадат идеја како би сакале да изгледа вашата коса на големиот ден:
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:


