Според Pinterest: Најпопуларни модели на венчаници за лето 2018
Социјалната мрежа претставува вистинска ризница за модни идеи, а кога се свадбите во прашање, сезонава се издвоија три фаворити за идните невести.
Pinterest е креативна платформа каде никогаш не недостасува инспирација, сеедно дали барате секојдневни парчиња облека, или, пак, фустани за свечени настани, како што се венчавките.
Оттука, не е изненадување што сѐ поголем е бројот на кориснички, но и модни дизајнери, кои везден ги следат вкусовите и трендовите на споменатата социјална мрежа. Што е хит за лето 2018 година?
Кога станува збор за венчаниците, доминираат три актуелни модели на невестински фустани. Сите се прекрасни и посебни на сопствен начин, па нема сомнеж дека идните невести ќе се препознаат во барем еден од нив:
1. Grace Loves Lace – Camille
Креациите на Grace Loves Lace и понатаму се неприкосновени фаворити помеѓу девојките.
Оваа сезона е посебно популарен моделот Camille, кој го карактеризираат долги ракави од бела чипка и драматичен изрез на грбот.
2. Karen Willis Holmes - The Mabel
Посмелите невести, пак, ја бираат дводелната венчаница од австралиската дизајнерка Karen Willis Holmes.
Фустанот Mabel има едноставен, но изразито префинет А-крој, којшто ѝ ласка и на женската фигура. Шик кратките ракави ја разигруваат целата комбинација.
3. Anna Campbell - The Savannah
Дека годинава се мошне барани фустаните со нагласок на задниот дел, потврдува и брендот Anna Campbell Bridal, чијашто креација Savannah се најде во трите најпопуларни според Pinterest.
Моделот е изработен со деликатна чипка на грбот, но и растеглив материјал во пределот на струкот, што на невестата ѝ овозможува да седи, јаде и комплетно да ужива на денот на свадбата.
https://vimeo.com/223666174
Првиот, вториот или третиот – кој фустан вам највеќе ви се допаѓа?
M. A. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

