Совети и трикови кои треба да ги знаете ако сакате вашата зимска свадба да биде совршена

Иако можеби не се толку популарни како пролетните, сепак и зимските свадби можат да бидат магични и романтични.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-01.jpg

Но, важно е да се погрижите за неколку работи со цел да заблескате вие, како и атмосферата на вашиот ден во зимските денови.

Не паничете, сите проблеми имаат решение и постои начин да се избегнат несакани ситуации.

Следниве трикови и совети ќе ви помогнат да бидете сигурни дека вашата зимска свадба ќе биде волшебна:

За стилот

Инвестирајте во зимски додатоци

Не дозволувајте ладното време да ви го уништи денот и обезбедете си дополнителни стилски додатоци кои ќе ве топлат. Крзно, вел, наметка и сл.

Плус, погрижете се и најдете некој кој ќе биде задолжен за вашите наметки за да знаете дека секогаш се до вас и на сигурно.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-02.jpg

Топол и шик блејзер за мажите

Доколку младоженецот сака да си поигра со стилот, кадифените блејзери се идеални за ладните денови, но може да се најде и друга замена, важно е двајцата да бидат стоплени.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-03.jpg

Не заборавајте на третмани за убавина

Испукани усни и сува кожа се нешто сосема нормално во зима, но тоа не ви е потребно на денот на свадбата. Па, уште пред свадбата, постојано грижете се за вашето лице, користете средства за убавина, омекнување на кожата и навлажнување.

Под венчаницата

Секако, венчаницата е она што сите ќе го гледаат на вас, никој не гледа што носите одоздола, па не заборавајте да облечете пар тесни и топли хулахопки.

Стилски зимски чевли

И чизмите можат да бидат шик ако го одберете вистинскиот модел.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-04.jpg

Нека има светки

Бидете во центарот на вниманието додавајќи светки во вашиот изглед – дел од фустанот, накитот, наметката или додатоци во косата – изборот е ваш.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-06.jpg

Не заборавајте и на пријателките

Како на вас, така и на останатите девојки ќе им биде ладно во зимските денови, посебно ако свадбата е традиционална и трае цел ден. Потсетете ги сите да имаат нешто за облекување за да може сите да уживаат во денот, наместо да мрзнат.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-05.jpg

За местото

Плус време за пат

Колку и да не сакате, сепак мора да размислувате и на лошото време, а тоа значи и лош сообраќај, па не ги планирајте работите до минута и оставете простор и за случајности.

Сè на едно место

Ова е одлично за свадбите во било кој период, но во зимските денови кога е ладно, а можеби и врнежливо или снежно, многу е подобро да не мора да ги влечете сите гости, како и вие, на повеќе места.

Па, наместо да одите во матично, црква и ресторан посебно, направете ја церемонијата во црква во посебен ден, а матичарот организирајте да дојде во ресторанот каде ќе биде прославата – ќе биде многу подобро за сите.

Романтична атмосфера со свеќи и шишарки

Денот секако може да се погоди тмурен, па осветлете го со романтични светла и свеќи во просторот каде ќе биде прославата, односно на масите.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-07.jpg

Зимски свадбени бои

Декорирајте го местото со топли тонови на јагода боја, бургунди, црна и златна. Додадете зимска романтика со природно зеленило и светли тонови.

За фотографии

Сè е во тајмингот

Во зимскиот период рано се стемнува, па доколку сакате и фотки на природна светлина, направете ја фотосесијата малку порано. Разговарајте за ова однапред и со фотографот, кој секако би требало да знае за ова и за подесувањето на апаратот за фотките дури и кога ќе се стемни да изгледаат совршено.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-08.jpg

Чадори за секој случај

Обезбедете си убави чадори кои ќе ви одговараат со стајлингот за фотографии надвор во случај на дожд или уште подобро – снег.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-09.jpg

Не ги уништувајте чевлите

Ако сакате да имате фотосесија надвор, погрижете се да имате барем уште еден пар чевли, бидејќи сигурно нема да сакате да стапнете во кал, па потоа да се шетате низ ресторанот така.

Ракавици

Смрзнатите рае не изгледаат воопшто симпатично на фотографиите, па потрудете се да си обезбедите фини ракавици со кои ќе изгледате елегантно и стоплено.

soveti-i-trikovi-koi-treba-da-gi-znaete-ako-sakate-vashata-zimska-svadba-da-bide-sovrshena-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул идеи како да подарите пари за свадба, а да не бидат во класично плико (фото) Кога сакате да подарите пари на младенците за свадба, но премногу ви е клише тоа...
„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Датуми за венчавка кои се сметаат за среќни, според нумерологијата Според нумерологијата, датумот за венчавка кажува многу за тоа каков ќе биде бра...
10 модели на венчаници кои ќе бидат хит во 2024 година Шарени цветови, впечатливи деколтеа, одвоени ракави … погледнете ги овие доминан...
Идеи за живописни бидермаери ако вашата свадба е во есен Рози во комбинација со суви цветови, трева во повеќе нијанси, далии, хризантеми ...
5.000 гости, 10-дневна прослава: Како изгледа свадбата на синот на најбогатиот султан на светот? На главната забава биле поканети 5.000 гости, а со сите церемонии, свадбата ќе т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg