Ова се хит боите за свадбените прослави во есен 2017
Мистична венчавка со боите на бакарот и старото злато или пак романтична бајка со сиви нијанси и металик тонови, изборот останува на вас.
Секоја сезона модните писти препорачуваат дестинации кои мора да се посетат, сервираат промени, се инспирираат од традициите и за свадбите предлагаат идеи кои се надвор од кутијата.
За претстојната есен тие на сцената донесоа нови бои, во кои веруваме дека многу идни младоженци со задоволство ќе ја обојат својата свадбена бајка.
Есенски десерт - тиква
Земете го највкусниот есенски десерт и со неговата боја воодушевете ги вашите гости. Такво нешто сигурно не виделе одамна. Бојата на тиквата е совршена за вашата свадба, а бонус поени ќе добиете ако послужите и парче медена печена тиква со десертот.
50 нијанси на сиво
Не, не мислиме на оние безобразни 50 нијанси на сиво. Сфатете малку побуквално. Нежните сиви тонови со малку металик сјај и малку бело ќе направат да имате нежна, бајковита свадбена прослава.
Есен во полн сјај
Есента е сезона на менување на лисјата и на храбри црвени усни, па токму оваа есенска палета на бои нека биде вашиот избор. Додадете мат златно и ќе ја доловите суштината на сезоната, без да изгледа како да имате тематска забава.
Бакар и старо злато
Овие богати тонови ќе дадат рустичен амбиент и малку потемна нота на вашата гламурозна свадба. Едноставно незаборавно!
Шаренилото на Мексико
Темните нијанси на есента не се причина за да ги напуштите ведрите бои. Дури и во оваа сезона инспирација може да ви биде некоја топла дестинација како Мексико. Богатата палета на храбри бои ќе ве направи уникатни.
Нежно розово и боја на смарагд
Нежните розови нијанси од пролетта и летото зачинети со богатата боја на смарагдот ќе направи да имате свадбена прослава инспирирана од ирските села. Оваа романтична палета надополнете ја со диво цвеќе и лелеави материјали.
Небесно сино и боја на сенф
Годинава дизајнерите ги обожаваат сите нијанси на сонцето, од најсветли до најтемни. Надополнете го ова со небесно сино и ќе добиете атмосфера на доцно лето.
С. С. | Црнобело