Како на правилен начин да ја соопштите веста за запросувањето?
Во еден момент, имате сосема нормален и вообичаен ден, а веќе во следниот, вашето момче клекнува на колено и ве бара за сопруга.
Тоа е голем чекор и радосна вест која сакате да ја соопштите на сите уште во истата минута.
Но, пред да ставите Instagram Story и да се пофалите веднаш на целиот свет, имајте ги на ум овие неколку совети:
Сталожете се
Пред да го земете телефонот и да објавите нешто во врска со запросувањето, прво одвојте време за да уживате во моментот со вашиот ВЕРЕНИК и да прославите заедно. Смејте се, плачете, прегрнете се, бакнете се и наздравете за вашиот заеднички живот!
Ова е спомен кој ќе ви остане за цел живот, па искористете го правилно, а не со телефонот во рака.
Одете по традиционален пат
Подготвени сте да ја раширите веста? Започнете со вашите родители, браќа, сестри, поблиско семејство и најблиски пријатели. Тие се посебни во вашиот живот, па погрижете се да дознаат прво од вас, а не од социјалните мрежи. Јавете им се или почекајте да ги израдувате во живо.
Напишете кратка и слатка објава
Кога ќе одлучите дека е време да објавите на социјалните мрежи, направете го тоа едноставно. Ако имало некој околу вас во моментот на запросувањето кој ве сликал, објавете ја сликата, или пак, дајте на некој да ве слика со вереникот, но погрижете се раката со прстенот малку да ѕирка. Напишете краток опис од срце.
Зачувајте ги деталите за себе
Бидете сигурни дека ќе се најдат и такви кои веднаш ќе почнат да ве прашуваат за свадба, но немојте да давате одговори јавно. Истото важи и за деталите за прстенот. Карактеристиките за прстенот може да им ги кажете на вашите блиски, но не на сите Facebook пријатели јавно, бидејќи може да направите многу непријатна ситуација.
Заблагодарете се
Посгответе се за огромен број на коментари и пораки со честитки. Најверојано веќе ќе ви здосади да им одговарате на сите, но сепак, бидете љубезни и одвојте време да ги прочитате сите честитки, а потоа заблагодарете им се.
Или едноставно, задржете ја радоста за вас и најблиските
Доколку не сте љубител на социјалните мрежи, не грижете се, тоа е нормално. Наместо тоа, јавете се на најблиските да им ја соопштите веста или испланирајте мала забава на која ќе прославите и ќе ги изненадите сите одеднаш.
Секогаш може да смислите некоја добра идеја за тоа како да ја соопштите веста на необичен начин.
М. М. | Црнобело