Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елегантни, модерни, посебни: Црни торти за свадба

Кој вели дека свадбените торти мора да бидат бели? Доколку сакате нешто поразлично, тогаш тортата со темна боја може да биде фантастичен избор.

elegantni-moderni-posebni-crni-torti-za-svadba-1.jpg

Кога се венчавките во прашање, тортата е вистинска ѕвезда на церемонијата.

Белите свадбени торти се безвременски и никогаш нема да излезат да мода, а мнозинството љубовни парови се држат до оваа традиционална боја.

Но, ако сте во потрага по нешто поинакви идеи, односно сакате торта која повеќе ќе соодветствува на вашиот стил и вкус, тогаш црната торта може да биде токму тоа што го барате.

Иако белата торта е „кралица на венчавките“, многу слаткари изработуваат и свадбени торти во темни нијанси, користејќи поразлични техники за украсување и финиширање, а резултатот се елегантни и модерни торти кои со задоволство би ги испробале.

Покрај тоа што изгледаат стилски и префинето, црните торти се и детаљ кој вашите гости сигурно нема да го заборават. Темната глазура, рачно обоена со злато и со геометриски облици, може да изгледа спектакуларно.

Да или не? Погледнете ги фотките пред да донесете заклучоци:

 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сакам свадба со 10 гости, а свекрвата веселба со прием во ресторан – Како животот со партнерот ... „Свекрвата настојува да направиме голема свадба и веќе ѝ рековме дека не сакаме....
Комбинации на бои кои ќе ја направат совршена вашата есенска свадба Есента со себе носи многу промени и нови почетоци, а ако сте од оние парови кои ...
Пар доживеал сообраќајна незгода на свадбениот ден - непријатниот чин го претвориле во кул фотосесиј... Кога работите не одат според планираното, но вие знаете како да се справите со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg