7 Инстаграм профили кои треба да ги следите доколку планирате свадба
Свадбените церемонии бараат посветување многу време и внимание. Потребно е внимателно да се изберат сите детали, за сè да биде совршено за време на свечениот чин.
Доколку ви е потребна инспирација за тоа како вашата свадба да изгледа магично и уникатно, следниве Инстаграм профили ќе ви помогнат при изборот:
1. @marriedinny
Овде ќе најдете навистина симпатични фотографии. Фотографии преполни со радост од New York City Hall. Тука ќе можете да поминете часови и часови, разгледувајќи фотографии од среќни парови и нивните приказни.
2. @buzzfeedweddings
Тука, освен свадбени фотографии, можете да сретнете и разни инспирации за декорации, кои можете самите да ги подготвите, а секако има и некои шеговити слики.
3. @bespokebride
Доколку самите сакате да организирате сè, и сè да биде по ваш личен вкус, ова е дефинитивно профил измислен за вас. Тој е исполнет со шарени инспирации и ќе ви даде многу идеи за вашиот голем ден.
4. @weddingsonpoint
Овој профил нуди фотографии од свадби кои се полни со сјај и гламур. Доколку сакате вашата свадбена церемонија да изгледа уникатно и на сите да им остави впечаток, стиснете „Follow“.
5. @rocknrollbride
Инстаграм профил наменет за невести кои се помодерни од просечните. Тука ќе сретнете фотографии од парови кои воопшто не се срамат да бидат поинакви од останатите.
6. @bertabridal
Доколку сакате да видите како венчаницата би изгледала од самата скица, па сè до готовиот производ, овој профил е за вас. Тука се претставени креации на дизајнерката Берта Балити, кои се исклучително убави, па не би било чудно доколку потрошите часови разгледувајќи ги.
7. @bellabridesmaids
Доколку се интересирате за фустани за деверуши, ви го препорачуваме Инстаграм профил. Тука ќе најдете голем број на фустани во различни бои и дизајни.
М. С. | Црнобело