Зошто вереничкиот прстен по правило има дијамант?
Маж застанува пред жена, клекнува на едно колено, вади веренички прстен со дијамант и ја запросува жената. Но, зошто баш дијамантите се посебно преферирани за веренички прстени?
До `30-ите години од минатиот век давањето на веренички прстен не било традиција.
Идејата за давање на дијамантски прстен доаѓа од интернационалната корпорација De Beers која до ден денес копа и обработува дијаманти.
Во `40-ите, De Beers ја лансираа кампањата „Дијамантите се засекогаш“, која се памети како една од најуспешните маркетиншки кампањи во историјата на маркетингот.
Целта на De Beers им била да ги нагласат уникатноста и ексклузивноста на дијамантите, а дијамантот иако е добра инвестиција, треба да се пренесува од колено на колено.
На крајот, започнало масовно производство на накит со дијаманти и да се одвива редовна продажба на истите.
Продавачите почнаа дури и да продаваат илузија дека дијамантите носат вечна љубов и дека не ја грубат вредноста.
Па, така, дијамантите станаа неодминлив дел од вереничките прстени.
Но, дали луксузниот и скап прстен значи дека ќе бидете заедно до крајот на животот?
Н. Г. | Црнобело