Дали ова е најубавиот веренички прстен на светот?
Од фустани како од соништата до совршени комбинации за декорирање на салата за прием на гости, многу невести завршуваат на Пинтерест во потрага по инспирација за нивната свадба.
А, страната „visual bookmarking“ е како рудник со злато од кој можете да најдете сè што ве интересира, од идеи за говор, за покани, за декорирање, до пронаоѓање на совршениот веренички прстен.
А, еден прстен се покажал како омилен.
Прстенот од 18 карати од „Raymond Lee Jewelers“ има над 77.000 допаѓања, а чини $8.000 долари.
Има 1.30 каратен дијамант на средина и дијамантски акценти на краевите.
Во основа има класичен изглед, па не е ни чудно што ги освојува срцата на дамите и често е опишуван како „прекрасен“ и „исклучителен“.
Н. Г. | Црнобело