5 работи кои ниту една идна невеста не сака да ги слушне
Периодот кога една невеста за подготвува за најважниот ден во својот живот е слатко-горчлив. Со себе носи многу интересни и среќни моменти, но исто толку подеднакво нервози и фрустрации.
„Дали фустанот ќе биде готов навреме“, „кога ќе го направам распоредот за седење на гостите“, „се надевам нема да ги погрешат поканите при печатењето“, „ќе помине ли сè во најдобар ред“...
Безброј прашања, а во целата таа збрка наречена свадба, ова се само неколку работи кои не сака да ги слушне апслутно ниту една невеста.
„Ќе ме викнеш на свадба, нели? А мојот дечко може да дојде?“
Не постои подрско и поневкусно прашање. Можеби невестата располага со скромен финансиски буџет или ограничени места за гостите. Или и двете.
Како и да е, правилото е многу едноставно - поканите се измислени со многу добра причина.
Добивањето на истата ќе покаже дали сте вклучени во списокот на гости и може ли да го поведете својот партнер со себе.
„Мислам дека ти е време за диета“
Сериозно – кој е тука во главната улога? Скоро и не постои невеста која неколку месеци пред свадбата не се фрла на физичка активност или диета. Сигурно не ѝ е потребно постојано потсетување и додатен притисок.
„Може да ме седнеш на друга маса?“
Распоредот за седење е една од работите кои одземаат најмногу време и ги предизвикуваат комбинаторските способности на секоја невеста и младоженец.
Само затоа што не ви се допаѓа таа и таа девојка со која случајно сте се паднале на масата, не значи дека треба да ја мачите невестата одново и одново да го менува распоредот за седење само за вас.
Имајте малку обѕир и не заборавајте дека тука сте да усреќите некој друг на важниот ден. Сепак, не се работи за вас.
„Кој плаќа за свадбата?“
Некултурно прашање, кое не заслужува одговор. Апсолутно никого не треба да го интересира кој го сноси финансискиот трошок за свадбената веселба.
„Фустанот не е мој стил, ама не е лош“
Две сосема погрешни изјави, кои комбинираат една ужасна реченица. Прво, вашиот стил рефлектирајте го преку сопствениот избор на облеката.
Едноставно изберете посуптилни зборови при изразувањето. Дколку сметате дека изборот на невестата оди во погрешна насока, подобро формулирајте го одговорот вака: „Можеби треба да пробаш повеќе различни фустани за да видиш во кој ќе се чувствуваш најубаво“.
На крајот на денот, изборот на фустан е секако, по сопствена желба на невестата.
(О)Милена | Црнобело