Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари
Невестата била купена за неколку десетици илјади евра, а гостите не се штеделе ни во делењето бакшиш. Ви ги пренесуваме сите детали од една луксузна ромска свадба, одржана во Виена...
Сезоната на свадби е во полн ек, а крајот на летото и почетокот на есента се одличен период за поголеми прослави.
Ромските свадби секогаш се гламурозни и гостите одлично си поминуваат, а оние кои настапуваат на тие веселби одлично заработуваат.
Српската емисија „Свадба од милион евра“ ја пренесува атмосферата од најгламурозните свадби организирани од Балканци.
Една таква се одржа во Виена, а од снимките направени на прославата може да се види дека станува збор за раскошна веселба.
Младоженецот е по потекло е од Србија. а невестата од село во близина на Виена.
Водителот на емисијата, Урош Божиќ пренесе дел од атмосферата на ТикТок.
Eден маж, кој на свадбата се појавил накитен со многу злато, привлекол најголемо внимание кај гледачите.
На левата рака носел прстен од 120.000 евра и часовник од 80.000 евра, а на вратот пет златни ланчиња за кои пред камерите изјави дека се „нешто ситно“.
За оваа пригода младоженецот избрал црно-бело одело, кое одлично се совпаѓало со автомобилот од марката Porsche со кој пристигнал на церемонијата.