Луксузна ромска свадба одржана во Виена: Сватовите ја купија невестата за огромна сума пари
Неговата избраничка, младата Џенифер се одлучила за балски невестински фустан како принцеза.
Според снимките, невестата била највесела и цела свадба танцувала и пеела, додека нејзината мајка ја гледала со солзи во очите.
Дека невестата богато се омажила е јасно уште од првите кадри, а тоа се потврдило кога се испочитувал и еден од најважните обичаи на ромските свадба – купување на невестата.
Џенифер била купена за неколку десетици илјади евра, пари кои му биле дадени на нејзиниот татко.
Невестата и младоженецот имале фотосесија во кочија низ австриската престолнина, а веселбата потоа продолжила во ресторан.
Еден од гостите, пред камерите покажал чантичка полна со евра.
Во секоја од преградите на чантата имало пари предвидени за бакшиш.
Веселбата траела до раните утрински часови, а домаќините не се штеделе ниту за храна и пиење.
Многу музичари, многу пејачи на едно место и секако - многу пари.
Атмосферата на свадбата:
@bozic.uros Svadba od milion evra u Beču 😳💶 #fyp #foryoupage #tiktok #balkan #svadbaodmilionevra #urosbozic #happytv #svadba #narodnamuzika
♬ original sound - bozicuros
С. Ш. | Црнобело