„Најчесто свекрвите се виновни за кавгите со снаите – како да не се претворите во Викторија Бекам и Никола Пелц?“

„Во 60 отсто од случаите родителите се виновни за конфликтот, а иако двајцата партнери треба да бидат обединети, кога станува збор за конфликтните ситуации, секој од партнерите треба да се справи со сопствените родители“ - вели авторката Мелиса Урбан, која инспирирана од кавгата меѓу Викторија Бекам и снаата споделува совети за тоа како да поставите граници од самиот почеток.

amerikanska-avtorka-tvrdi-najchesto-svekrvite-se-vinovni-za-kavgite-so-snaite-mozhe-li-da-se-sprechat-konfliktite-01.jpg

Кавгата меѓу Викторија Бекам и снаата Никола Пелц со месеци се провлекуваше низ медиумите, па така и ние „обичните“ смртници имавме можност да видиме дека ниту кај славните не оди сè како подмачкано, па дека и тие имаат недоразбирања и проблеми.

Книгите на авторката Мелиса Урбан од САД, во кои говори за воспоставувањето здрави граници во живеењето, досега шестпати биле најпродавани дела според Њујорк Тајмс, а таа има и сопствен поткаст каде редовно споделува совети со кои сака да им помогне на луѓето да го подобрат сопственото здравје и навиките.

View this post on Instagram

A post shared by Melissa Urban | Whole30 (@melissau)

По големиот број вести за односот меѓу Викторија Бекам и Никола Пелц, Мелиса сподели 10 совети за тоа како да го подобрите односот со свекрвата, а според неа дури во 60 отсто од случаите родителите се виновни за конфликтот.

Кои се нејзините 10 совети за тоа како да поставите здрави граници во односот и да го подобрите односот?

Не го прегризувајте јазикот

Ако имате проблеми со свекрвата или со свекорот, според Мелиса најдобро е веднаш да разговарате со својот партнер за тоа.

„Разговарајте за сопствените чувства и за тоа како свекрвата или свекорот прават да се чувствувате и како тоа негативно влијае врз вас и врз вашето семејство. Ако имате проблеми, потребно е веднаш да се обидете да најдете компромис“ – вели таа.

Кога односите се влошени, според неа подобро е да го ограничите бројот на денови што ги поминувате заедно или пак, да им понудите да им платите сместување доколку доаѓаат од друг град со цел да избегнете конфликти.

Секој од партнерите треба да се справи со сопствените родители

Иако двајцата партнери треба да бидат обединети, сепак кога станува збор за конфликтните ситуации, секој од партнерите треба да се справи со сопствените родители.

„Ако вие ги прифатите тие правила, тогаш и партнерот мора да се сложи да ги прифати истите (правила) па така ако дојде до конфликт, партнерот е тој што треба да се справи со родителите. Ова може да биде непријатно за партнерот, па вие ќе треба да го охрабрите во тоа да постави граници“ – вели Мелиса.

amerikanska-avtorka-tvrdi-najchesto-svekrvite-se-vinovni-za-kavgite-so-snaite-mozhe-li-da-se-sprechat-konfliktite-02.jpg

Рангирајте ги проблемите

Кога нештата ќе се влошат добро е да се запрашате себеси: „на скала од 1 до 10 колку тоа што се случило ве вознемирува?“. Дали ви пречи тоа што свекрвата доаѓа без да се најави?

Размислете сами колку многу ви пречи тоа, па потоа разговарајте со партнерот, како тој се чувствува во однос на тоа прашање.

„Во зависност од одговорите што ќе ги дадете и двајцата, ќе можете да воспоставите граница. Ако на вашата скала, тој проблем се наоѓа на седмото место, а на скалата на сопругот на трето – ќе треба да најдете некој заеднички јазик за тоа како да настапите“ - вели Мелиса.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg