8 начини како да направите вашето дете да стане самоуверена и одговорна личност
Дозволете му да се соочи со неуспех, не го терајте да биде најдобро во сè и наместо да го казнувате за грешките, разговарајте за нив и помогнете му да сфати зошто не треба да ги прави.
Кога станува збор за самодовербата на детето, родителите имаат можеби најголема улога.
Ако уште од најрана возраст му помогнете на детето да верува во себе, но и да се научи на одговорност, ќе му олесните многу работи подоцна во животот.
Како да му помогнете на вашето дете да стане самоуверена и одговорна личност?
Дозволете му да се соочи со неуспех
Нормално е да сакате да ги заштите децата од негативни емоции и лоши искуства, но не треба да ги штитите од буквално сè.
Мора да му дозволите на детето да се соочи и со неуспех, без разлика што може да се чувствува лошо во тие моменти.
На овој начин тоа ќе сфати дека неуспехот не е најлошото нешто на светот, ќе научи некоја лекција, но и ќе научи дека секогаш може да се обиде повторно.
Не го терајте да биде најдобро во сè
Не можете да очекувате вашето дете да биде најдобро во сè и не треба да му создавате притисок за тоа.
Немојте да му ветувате награди ако е најдобро во нешто, а да го казнувате ако има некој друг што е подобар од него.
Можеби вашето дете има талент за математика, но мрази спорт, или обратно, и тоа е сосема нормално.
Она што е важно е да го научите детето да се труди и да го вреднува својот труд. Дури и кога не е најдобро, важно е дека се потрудило за неговиот резултат.
Охрабрувајте го да пробува нови работи
Помагајте му на детето да излезе од неговата комфорна зона и охрабрувајте го да пробува нови работи.
Со текот на времето, ова ќе ја зајакне неговата самодоверба.
Помогнете му да си постави цели
Кога детето ќе има некоја конкретна цел, без разлика колку голема или мала, ќе почне да се обидува да ја оствари.
На пример, можете да го прашате кои се неговите цели за оваа учебна година, потоа речете му да ги запише и нека размисли што треба да направи за да ги реализира.
Со ова ќе му помогнете да си поставува поголеми цели подоцна во животот, но и да ги реализира.