8 грешки во грижата за бебиња што новите родители треба да ги избегнуваат

Ги менувате брендовите на бебешката формула

Ако го храните бебето со бебешка формула, немојте нагло да ги менувате брендовите.

Ако сакате да го смените брендот, препорачливо е да го правите тоа постепено – прво давајте му комбинација од стариот и новиот бренд.

Секако, пред да почнете со новиот бренд, разговарајте со лекар.

8-greshki-vo-grizhata-za-novorodenchinja-shto-novite-roditeli-treba-da-gi-izbegnuvaat-06.jpg

Му давате електронски уреди на многу рана возраст

Детските видеа можат да бидат забавни за вашето бебе, но експертите препорачуваат да не му давате електронски уреди барем до 2-годишна возраст за да ги избегнете негативните ефекти.

Наместо тоа, секогаш давајте ѝ предност на човечката интеракција, бидејќи така бебињата учат најбрзо и најдобро.

Ако вашето бебе има две години и размислувате да почнете да му дозволувате да гледа на смартфон или таблет, прво разговарајте со лекар.

8-greshki-vo-grizhata-za-novorodenchinja-shto-novite-roditeli-treba-da-gi-izbegnuvaat-07.jpg

Подгревате мајчино млеко или формула во микробранова печка

Истражувањата покажале дека микробрановата печка не ги загрева мајчиното млеко и формулата рамномерно.

Односно, некои делови можат да бидат постудени, а некои дури и жешки, а вие да не забележите и да му го дадете млекото на детето.

8-greshki-vo-grizhata-za-novorodenchinja-shto-novite-roditeli-treba-da-gi-izbegnuvaat-08.jpg

Го стимулирате да оди во тоалет кога нема потреба

Експертите препорачуваат да не го стимулирате бебето да оди во тоалет бидејќи ова ќе има влијание врз способноста да оди во тоалет без ваша помош.

Ако се сомневате дека вашето бебе има констипација, разговарајте со лекар, па тој ќе ви каже дали е во ред да го стимулирате.

8-greshki-vo-grizhata-za-novorodenchinja-shto-novite-roditeli-treba-da-gi-izbegnuvaat-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg