„Посвоив дете на 49 години, пресреќна сум, но луѓето ме осудуваат за потегот - сум била престара“

„За време на мојот прв брак навистина сакав деца, но имав спонтан абортус на 38 години, потоа разговаравме за ин витро и други процедури, но во текот на процесот нашиот брак се распадна...“

posvoiv-dete-na-49-godini-presrekjna-sum-no-lugjeto-me-osuduvaat-za-potegot-sum-bila-prestara-01.jpg

Крис Монср од САД 10 години се обидувала да има бебе и доживеала два спонтани абортуси. Но, нејзиниот сон да стане мајка се остварил кога на 49 години одлучила да посвои новородено бебенце.

Таа сега има 51 година и ужива во улогата на мајка на нејзината посвоена ќерка Ејнсли, која сега има 2 години.

posvoiv-dete-na-49-godini-presrekjna-sum-no-lugjeto-me-osuduvaat-za-potegot-sum-bila-prestara-02.jpg

„За време на мојот прв брак навистина сакав деца, но имав спонтан абортус на 38 години, потоа разговаравме за ин витро и други процедури, но во текот на процесот нашиот брак се распадна.

Кога го сретнав мојот сегашен сопруг Клеј (47) брзо забременив, но повторно имав спонтан абортус. Докторот ми кажа да престанам да се обиувам затоа што никогаш нема да станам мајка.

posvoiv-dete-na-49-godini-presrekjna-sum-no-lugjeto-me-osuduvaat-za-potegot-sum-bila-prestara-03.jpg

Тоа беше голем удар за мене, но одлучив да се фокусирам на работата.

И седум години желбата да станам мајка не ме напушташе.

Во 2019-та година далечен роднина ненадејно нè праша дали би сакале да посвоиме бебенце, разговаравме и се согласивме. Бевме во болница дури и на породувањето, јас ја пресеков папочната врвка.

posvoiv-dete-na-49-godini-presrekjna-sum-no-lugjeto-me-osuduvaat-za-potegot-sum-bila-prestara-05.jpg

Официјално ја посвоивме Ејнсли во март 2020. Оттогаш сме пресреќни.

Но, за жал на социјалните мрежи се соочуваме со осуда. Луѓето ме критикуваат дека сум била престара за мајка и дека ќе сум починела пред да видам како Ејнсли дипломира или се мажи.

Ме нарекуваат себична и понекогаш навистина имам грижа дека нема да ги видам најголемите достигнувања на ќерка ми, но се трудам да живеам за мигот и да ѝ ја давам сета своја љубов. Не се каам за одлуката.“

posvoiv-dete-na-49-godini-presrekjna-sum-no-lugjeto-me-osuduvaat-za-potegot-sum-bila-prestara-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg