Зошто бебињата се мирни кај некои луѓе, а кај некои плачат?

Новороденчињата имаат изострено сетило за мирис, па кога ќе им се приближи непозната личност, односно личност со мирис што не го препознаваат, можно е да почнат да плачат.

zoshto-bebinjata-se-mirni-kaj-nekoi-lugje-a-kaj-nekoi-plachat-01.jpg

Некои новороденчиња се мирни без разлика дали се во рацете на родителите, роднините или личност што ја гледаат првпат. Но, некои бебиња плачат не само покрај странци, туку дури и кога се покрај нивната баба, нивниот дедо или роднина што веќе го виделе неколкупати.

Па, која е причината за ова?

Мирисот има голема улога

Сетилото за мирис е едно од најразвиените кај новороденчињата, па тие многу се потпираат на него. Тие можат да го препознаат мирисот на нивната мајка, а можат да ги запомнат и препознаат мирисите и на другите членови на семејството.

Кога ќе се соочат со странец, односно за нив непознат мирис, ова може да ги натера да се расплачат.

zoshto-bebinjata-se-mirni-kaj-nekoi-lugje-a-kaj-nekoi-plachat-02.jpg

Новороденчињата преферираат симетрични лица

Едно истражување покажало дека за новороденчињата е многу полесно да распознаваат симетрични лица, па сосема возможно е повеќе да им се допаѓаат личности со такво лице. Односно, кога ќе се соочат со личност што ја гледаат првпат, помала е веројатноста да заплачат ако нејзиното лице е симетрично. 

zoshto-bebinjata-se-mirni-kaj-nekoi-lugje-a-kaj-nekoi-plachat-03.jpg

Тие можат да препознаат дали некоја личност е добра

Одамна постои верувањето дека бебињата распознаваат добри и лоши личности, а едно мало истражување го потврдило ова.

Според истражувањето, бебињата можеле да оценат дали некој е лош или добар со набљудување на неговите постапки и изразите на неговото лице.

Овие резултати, пак, ги тераат истражувачите да мислат дека способноста за распознавање добро и лошо можеби ни е вродена.

zoshto-bebinjata-se-mirni-kaj-nekoi-lugje-a-kaj-nekoi-plachat-04.jpg

Страв од странци

На околу 3-месечна возраст, бебињата веќе можат да распознаваат дали некоја ситуација им е позната или не. Поради ова, кога се во близина на странец можно е да се чувствуваат напнато од непознатата ситуација, па да почнат да плачат.

Бебињата можат да заплачат дури и ако им пријде роднина или член на семејството што го имаат видено само еднаш доколку не им се даде време да се адаптираат.

zoshto-bebinjata-se-mirni-kaj-nekoi-lugje-a-kaj-nekoi-plachat-05.jpg

Страв од разделба од родителите

За бебињата, мајката и таткото се најважните личности, па нормално е да чувствуваат страв од помислата дека ќе бидат одделени од нив. Тие се многу приврзани за родителите, па некогаш стравот може да биде навистина интензивен.

Овој страв може да ги натера да плачат, дури и ако се со личност што веќе ја знаат.

zoshto-bebinjata-se-mirni-kaj-nekoi-lugje-a-kaj-nekoi-plachat-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg