Мајките во Бугарија имаат 13 месеци породилно отсуство – несекојдневни правила за родители и деца ширум светот

Во основните училишта во Финска, децата имаат 15-минутна пауза на секои 45 минути, односно по секој школски час.

majkite-vo-bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot-01.jpg

Начинот на кој сте пораснале, вредностите што ви биле дадени и културните норми на кои сте биле сведоци влијаат на тоа како ги воспитувате вашите деца.

Не е изненадувачки што родителите од различни делови на светот имаат различни идеи за тоа како да ја воспитаат следната генерација.

Не постои совршен начин за воспитување на децата - тоа е сигурно, но постојат одредени стратегии за родителство кои разни култури вешто ги спроведуваат.

Во продолжение ви пренесуваме неколку од нив:

Бебињата во Данска остануваат надвор во нивните колички додека родителите пазаруваат или вечераат

Родителите во Данска често ги „паркираат“ количките на тротоар и практично ги оставаат своите бебиња да спијат надвор додека тие уживаат во оброкот во ресторан.

Многу од нивните колички имаат високотехнолошки монитори за бебиња, така што родителите можат да внимаваат на своите малечки додека купуваат или вечераат внатре.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 02 630x400.jpg

Децата во Финска имаат чести паузи на училиште

Во Финска, децата од основно училиште прават пауза од 15 минути на секои 45 минути. Со почестите паузи за движење и играње, се смета дека финските деца можат подобро да се фокусираат на својата работа.

Ако земеме предвид дека Финска располага со еден од најдобрите образовни системи во светот – тие имаат право.

Честите паузи во нивната рутина можат да им помогнат на децата да останат сконцентрирани подолго.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 03 630x400.jpg

Децата во Хонг Конг, Индија и Тајван остануваат будни доцна навечер

Родителите ширум светот имаат различни идеи за тоа кога децата треба да заспијат.

Додека децата во Нов Зеланд и Австралија легнуваат околу 19:30 часот, родителите во Хонг Конг, Индија и Тајван ги ставаат своите деца во кревет околу 22:00 часот.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 04 630x400.jpg

Бебињата во Норвешка спијат надвор

Вообичаена практика во нордиските земји е бебињата да одмараат надвор. Родителите во Норвешка, Шведска и Финска веруваат дека спиењето надвор нуди здравствени придобивки.

Дури и во време кога целзиусовите степени достигнуваат под нулата, родителите често ги оставаат своите бебиња да се одморат во нивните колички.

Тие веруваат дека е подобро децата во текот на денот да вдишуваат свеж воздух и мислат дека тоа го намалува ризикот од настинка или грип.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 05 630x400.jpg

Децата во Италија пијат вино за време на вечерата со семејството

Во Италија и многу други европски земји е прифатено повозрасните деца да пробаат вино или алкохол со семејството за време на вечерата.

Иако законската возраст за купување алкохол е 18 години во повеќето земји во Европа, пиењето една чашка под надзор на семејството не се смета за загрижувачко. Додека практиката се менува, сепак може да видите како млад човек пие пијачка со семејството.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 06 630x400.jpg

Децата во Шведска не смеат да бидат казнуваат физички

Шведска стана првата земја што го забрани тепањето во 1979 година. Тоа значи дека првата генерација деца кои никогаш не биле изложени на физичко казнување сега се самите родители.

Покрај шведската забрана за физичко казнување, списокот на земји кои забрануваат тепање деца продолжува да расте. Во моментов, 52 други земји им забрануваат на родителите да користат физички казни врз децата.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 07 630x400.jpg

Мајките во Бугарија добиваат 410 дена породилно отсуство

Дали некогаш сте слушнале за земање 410 дена породилно отсуство од работа по раѓањето на детето? Во Бугарија тоа им се нуди на сите „новопечени“ мајки.

Мајките имаат право на 90% од редовната плата пред и по раѓањето на нивното дете. И по шест месеци, времетраењето на породилното отсуство може да се пренесе на таткото на детето.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 08 630x400.jpg

Децата во Јапонија користат јавен превоз сами

Децата во Јапонија користат јавен превоз уште од мали нозе. Родителите веруваат дека е важно на малите деца да им се дадат вештините што им се потребни за сами да го пронајдат својот пат.

Малите деца, исто така, можат да извршуваат едноставни задачи за нивните родители.

Не е невообичаено децата да бидат испратени во пекара или во продавница за да купат неколку намирници. Јапонските родители сакаат нивните деца да бидат независни.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 09 630x400.jpg

Децата во Лихтенштајн почнуваат со училиште на 7-годишна возраст

Додека посетувањето на училиште е задолжително почнувајќи од 5-годишна возраст во Британија и Австралија, родителите од Лихтенштајн можат да изберат да не ги испраќаат своите деца на училиште додека не наполнат 7 години.

Сепак, подоцнежниот почеток на училиште не го забавува образовниот развој на нивните деца. Лихтенштајн тврди дека имаат 100% стапка на писменост.

Majkite-vo-Bugarija-dobivaat-410-dena-porodilno-otsustvo-neobichni-nachini-na-vospituvanje-na-decata-shirum-svetot 10 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg