Еден ден, ја оставив ќерка ми и веќе не ја кренав... Не бев свесна дека тоа е последен пат пред да порасне

Ја кревав кога беше возбудена. Kога беше уморна. Kога беше премногу мала за да го види она што го гледам јас. Потоа, еден ден ја оставив и повеќе не ја кренав во раце. Еден ден, не бев ниту свесна, но таа можеше да види сè и без моја помош.

eden-den-ja-ostaviv-kjerka-mi-i-vekje-ne-ja-krenav-ne-bev-svesna-deka-toa-e-posleden-pat-pred-da-porasne-01.jpgфото: depositphotos.com

Исповед на мајка за својата ќерка:

Еден ден ја оставив ќерка ми и веќе не ја кренав...

Ги подаваше малите рачиња и секогаш ја кревав во раце, без да размислувам – тоа беше нашата рутина што сме ја повториле илјадниципати.

Совршено беше додека ја носев потпрена на мојот колк, ја држев со раката околу нејзината половина, а главата ѝ беше наклонета на моето рамо.

Ја кревав кога ќе се повредеше.
Ја кревав кога беше возбудена.
Ја кревав кога беше уморна.
Ја кревав во раце кога беше премногу мала за да го види она што го гледам јас.

Потоа еден ден ја оставив и повеќе не ја кренав во раце.

Еден ден, не бев ниту свесна, но таа стана премногу голема.
Беше премногу голема за да ја држам во раце.
Премногу голема за да ја носам потпрена на мојот колк.

ne-bev-nitu-svesna-no-kjerka-mi-porasna-ja-ostaviv-eden-den-i-vekje-ne-ja-krenav-vo-race-01.jpg

Ја оставив еден ден и повеќе не ја кренав во раце.

Еден ден, не бев ниту свесна, таа стана силна.
Беше доволно силна за да продолжи да оди и кога е уморна.
Беше доволно силна да се смири самата и кога имаше болка.

Ја оставив еден ден и повеќе не ја кренав во раце.

Еден ден, не бев ниту свесна, но таа можеше да види сè и без моја помош.
Можеше да види над толпата.
Можеше да види што има пред неа.

Ја оставив еден ден и повеќе не ја кренав во раце.

Тој ден кога ја оставив не знаев дека ќе ни биде последен.
Тоа беше нашата рутина што сме ја направиле илјадниципати.

Но, сè уште ѝ требам за да ја водам низ животот.
Сè уште ѝ требам за да ја потпре главата на моето рамо.
Сè уште ме бара кога е повредена.
Сè уште ме бара кога е уплашена.

Никогаш нема да заспие потпрена на моето колено додека ножињата ѝ висат надолу.
Никогаш нема да ѝ требам за да ѝ помогнам да види над толпата.
Никогаш повторно нема да биде толку мала за моите раце да можат да ја носат.
Никогаш нема да ми подаде раце за да ја кренам.

Ја оставив еден ден и повеќе не ја кренав.

Извор

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg