Мајка му дозволува на 18-месечниот син сам да си прави појадок на решо: „Подготвена сум за критиките“ (видео)

Малите деца обожаваат да прават сè што прават нивните мајки, а една корисничка на ТикТок редовно споделува како нејзиниот син на возраст од 18 месеци самиот си подготвува појадок и тоа на вистинско решо.

majka-mu-dozvoluva-na-18-mesechniot-sin-sam-da-si-pravi-pojadok-na-resho-podgotvena-sum-za-kritikite-video-01.jpg

Корисничката што на ТикТок објавува видеа под псевдонимот @lauralove5514 објавува видеа со нејзиниот 18-месечен син како сам си подготвува омлет на вистинско решо, а како што вели била подготвена за негативните коментари што ќе следат.

Инаку, Лаура досега има 1,7 милиони следбеници на ТикТок што редовно ги следат нејзините видеа на кои нејзиниот 3-годишен син Картер и Џона (18 месеци) сами готват.

View this post on Instagram

A post shared by lauralove5514 (@laura._.lovee)

Од видеата што таа ги објавува може да се види дека малиот Џона, иако сè уште нeма ниту 2 години, во целост е способен сам да си подготви појадок, без разлика на сите коментари.

majka-mu-dozvoluva-na-18-mesechniot-sin-sam-da-si-pravi-pojadok-na-resho-podgotvena-sum-za-kritikite-video-02.png

До видеото што досега е прегледано 15,3 милиони пати таа напиша:

„Подготвена сум за коментарите на ова видео“

Таа појаснува дека подолго време се подготвувале за да го направат видеото. Џона прво вежбал со исклучено решо, а потоа научил да не ја чепка тавата со голи раце откако сфатил дека е жешка.

majka-mu-dozvoluva-na-18-mesechniot-sin-sam-da-si-pravi-pojadok-na-resho-podgotvena-sum-za-kritikite-video-03.jpg

Лаура вели дека не се чувствува сигурна за да му дозволи да готви на големиот шпорет во кујната, но смета дека малото решо е сосема соодветно за него. Инаку, малиот Џона постојано го гледал неговиот 3-годишен брат како редовно го користи шпоретот, па се лутел затоа што нему не му е дозволено истото. Од овие причини таа одлучила да го научи како да го користи решото.

Сепак мислењата кај нејзините следбеници се поделени, има и такви што се восхитуваат на тоа што таа го прави и ги учи нејзините деца да бидат независни, но и такви што прашуваат зошто воопшто 3-годишно дете и 18-месечно бебе би требало да знаат да готват.

Изгледа за Лаура безбедноста на нејзиното дете не е на прво место.

Погледнете го видеото во продолжение:

@lauralove5514

I’m buckled up for the comments on this one ?? ##MicroRaveWithRoni ##MyTeacherWins ##montessori ##toddler ##foryou ##fyp ##montessorimom ##cooking ##recipe

♬ Married Life (From "Up") - Sergy el Som

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
„Сопругот побара старателство за кучето, а децата ми ги остави мене“: Неверојатни приказни за развод... „Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведувавме. Прво тој ме изн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg