Каде е најдобро да си татко – 5 земји каде мажите добиваат исто породилно отсуство како и жените

„Тато да оди на породилно?“, „Се знае, на породилно оди мајката“ – кај нас сè уште постои верувањето дека одгледувањето деца е само женска работа и дека таткото не треба да се меша таму. Како е во другите земји и во која земја е најдобро да си татко?

vo-koja-zemja-e-najdobro-da-si-tatko-pet-zemji-kade-tatkovcite-imaat-ednakvi-prava-za-porodilno-01.jpg

Се вели дека политиката за породилно отсуство на една земја честопати е одраз за тоа каков е статусот на родовата еднаквост во земјата.

Според пишувањата во одделни медиуми, ова се петте земји што имаат најдобри политики за породилно отсуство на родителите во светот:

Шведска

Шведска важи за земја во Европа со најпогодни закони во однос на породилното отсуство. Родителите во Шведска имаат вкупно 480 дена (16 месеци) платено породилно отсуство кога ќе добијат или посвојат дете.

Секој родител (доколку детето има двајца родители) има по 240 дена отсуство (речиси по 8 месеци).

Доколку еден од родителите одлучи да не го искористи овој одмор, може да му го отстапи на партнерот или партнерката, а самохраните родители имаат право да ги искористат овие 480 денови во целост.

Статистички, околу 30 отсто од татковците во Шведска ги користат правата за нивното платено породилно отсуство.

vo-koja-zemja-e-najdobro-da-si-tatko-pet-zemji-kade-tatkovcite-imaat-ednakvi-prava-za-porodilno-02.jpeg

Финска

Финска го следи примерот на своите скандинавски соседи, па така, кога станува збор за породилното отсуство, и двајцата родители добиваат породилно во траење од по 164 дена (5,5 месеци).

На родителите им е дозволено да префрлат по 69 дена од сопственото породилно отсуство на партнерот или партнерката.

Во период од 26 недели, родителите добиваат по 70% од износот на нивната плата, а во преостанатиот период добиваат претходно одреден износ.

Но, и покрај добрите услови, според известувањата, татковците во Финска речиси и да не го користат правото на отсуство.

vo-koja-zemja-e-najdobro-da-si-tatko-pet-zemji-kade-tatkovcite-imaat-ednakvi-prava-za-porodilno-04.jpg

Германија

Во Германија постоеше верувањето дека грижата за децата традиционално е работа на мајката, но во средината на 2000-тите години во голем дел се изменија работите токму поради воведувањето закони што им овозможуваат на жените да се вратат на работното место, а татковците да бидат повеќе вклучени во грижата за децата.

Вработените во Германија имаат право да земат и до 3 години неплатено породилно отсуство. Овој период може да го земат и двајцата родители истовремено, или одвоено, а по завршувањето на породилното отсуство се враќаат на старото работно место.

Со оглед на тоа што се работи за неплатено отсуство, на родителите им се дозволува да работат до 30 часа неделно.

Дополнително, од 2015-тата година е воведена програма со која родителите можат да добиваат месечна стипендија во период од 24 до 28 месеци доколку и двајцата родители одлучат да земат породилно отсуство.

За време на 12 месеци од породилното отсуство (14 месеци доколку и двајцата родители се на отсуство) државата плаќа околу 67% од просечната плата на вработениот. Највисокиот износ што може да се добие е 1.800 евра, а најмалиот е 300 евра.

vo-koja-zemja-e-najdobro-da-si-tatko-pet-zemji-kade-tatkovcite-imaat-ednakvi-prava-za-porodilno-03.jpg

Исланд

Исланд има само 340.000 жители, но има една од најдобрите политики за породилно отсуство. На родителите им се дозволува да земат до 39 недели платено породилно, при што добиваат околу 80% од нивната плата.

Секој родител добива по 13 недели отуство. Останатите 13 недели може да си ги поделат меѓусебно.

Иако во Германија нема бонус систем како во Германија, сепак во Исланд околу 45 отсто од татковците ги користат овие поволности.

vo-koja-zemja-e-najdobro-da-si-tatko-pet-zemji-kade-tatkovcite-imaat-ednakvi-prava-za-porodilno-05.jpg

Норвешка

Во Норвешка, бремените жени имаат право на 12 неделно отсуство за време на бременоста, а по породувањето имаат право на уште шест месеци породилно отустсво, освен ако не приложат медицински сертификат дека не се во можност да се вратат на работа.

И двајцата родители имаат право да земат отуство додека детето не наполни 3 години. Во првата година отсуството е платено.

Норвешка нема бонус систем, но татковците користат до 40 отсто од нивните права за да можат да поминат повеќе време со нивните деца.

vo-koja-zemja-e-najdobro-da-si-tatko-pet-zemji-kade-tatkovcite-imaat-ednakvi-prava-za-porodilno-06.jpg

Според УНИЦЕФ, меѓу земјите со најдобри семејни политики се Шведска, Норвешка, Исланд, Естонија и Португалија.

На најниското ниво помеѓу 32 богати земји во светот се Обединетото Кралство, Ирска, Грција, Кипар и Швајцарија.

Кај нас, со години наназад постојано се менуваат начините на кои ќе се спроведува породилното отсуство и за таткото и за мајката. Според последните измени на Законот за работни односи, во Македонија породилното отсуство трае една година наместо досегашните 9 месеци.

Притоа, пет месеци се задолжително отсуство за мајката, а остатокот ќе може да се комбинира со таткото. Сепак, кај нас забележително мал е бројот на татковците што се одлучуваат да го користат породилното отсуство.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: pexels.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

Ранко Рајовиќ ги разлути родителите: „Штом детето наполни 2 години, заборавете на количката“ „Би возела и кукла во количката, само да не влечкам ќеси“ – му одговори една жен...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Научете ги децата да не се фалат со нови патики, туку со знаење“ - Српски психијатар со порака за р... „Наместо да поминуваат што е можно повеќе време со детето, родителите на децата ...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...
7 правила за воспитување од нашите баби и дедовци што треба да се применуваат и денес Децата треба да си играат надвор и во ред е некогаш да им биде здодевно. Деца...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg