9 работи за кои ниту една мајка не должи никому извинување, ниту оправдување
За тоа што не секогаш сте расположени
Нормално е да имате промени во расположението – некогаш ќе имате премногу енергија за бесконечни игри со детето, а некогаш едноставно обврските и грижите ќе ве надвладеат.
За тоа што барате и добивате помош
Оние кои имале можност да ја почувствуваат помошта од родителите во одгледувањето и чувањето на детето, се бескрајно благодарни.
Не секој има ваква привилегија, но не треба да чувствувате вина ако добивате помош од некој што е поискусен и го поминал процесот многу одамна. Изборот е ваш.
За начинот на породување
Никому не должите оправдување за тоа кој начин ќе го изберете за породување, независно дали станува збор за своеволна одлука или одлука од здравствени причини.
Важно е тоа да биде во консултација со стручно лице, а сите останати коментари игнорирајте ги.
За тоа што не можете да присуствувате на сите настани
Добро е за вас и за вашиот социјален живот да не се затворите дома и понекогаш да наоѓате време за себе и пријателите, но не треба да чувствувате вина за тоа што тоа нема да биде секогаш.
Очекувајте многу откажани и одбиени понуди – тоа е сосема нормално кога имате дете бидејќи обврските и приоритетите ви се менуваат. Најблиските треба да разберат.
M. M. | Црнобело