Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка, која во текот на целата бременост имала мало стомаче, роди близнаци: „Изгледа добро кријам бебиња“

Ребека објавувала фотки од трудничкото стомаче во текот на целата бременост, но речиси никој не можел да поверува дека таа е воопшто бремена, па можете да го замислите шокот на следбениците и околината кога родила близначиња?

Nikoj-ne-veruvashe-deka-ovaa-zena-e-bremena-a-potoa-rodi-bliznaci-01.jpg

Ребека Харли е мајка на пет деца, а додека беше бремена со четвртото и петтото дете постојано објавувала видеа на социјалните мрежи.

Но, она што е необично за оваа мајка е тоа што таа немала голем труднички стомак, па многумина не верувале дека е бремена, бидејќи во 17-тата недела нејзиниот стомак бил рамен, но и на сите останати фотки кои ги објавувала од бременоста. 

Таа се породила во 35-тата недела, а во видеото по породувањето открива дека родила близнаци, со што ги збунила фановите. Видеото е прегледано 1.3 милиони пати.

„Навистина сум шокирана дека имало две бебиња. Се надевам дека сте добро“ – напиша една следбеничка во коментарите.

Други пак коментираат дека најверојатно имала скриена преграда каде што ги чувала бебињата.

Таа се породила две недели порано од терминот и роди две идентични девојчиња со еднаква тежина од 2 kg.

„За сите оние што ги следевте моите видеа за малиот стомак, имам нова приказна од 35-тата недела. По сè изгледа, добро кријам бебиња“ – вели таа во видеото.

@nolanohana

So… who is up for an update..? ##35weeks ##pregnancy ##pregnancyupdate ##bellyupdate ##momlife

♬ original sound - Becca

Таа подоцна сподели на социјалните мрежи дека таа и нејзиниот сопруг знаеле дека ќе имаат близнаци, но одлучиле убавите вести да ги чуваат за себе.

Тие рекоа дека уште во 4-иот месец од бременоста знаеле дека наместо само четврто дете, ќе ги добијат четвртото и петтото дете.

Погледнете повеќе фотографии од трудничкиот стомак на Ребека, кои ги објавувала во бременоста:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg