Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на Србинка: „На роденденот на ќерка ми не се појави речиси ниту едно дете, претажна беше“

Кога станува збор за славењето родендени, најтешко им е на оние деца што се родени во лето. За разлика од „зимските деца“ за нив е вистински предизвик да се направи роденден со голем број другарчиња. Таков е и примерот со овие родители што својата приказна ја споделија на социјалните мрежи.

Tagata-na-deteto-ne-se-opishuva-13-deca-rekoa-deka-kje-dojdat-a-dojdoa-samo-3-drugite-se-spremale-za-odmor-01.jpg

Мајка со српско потекло што живее во Цирих, Швајцарија ја споделува тажната приказна за роденденот на нејзината ќерка.

„Не можам да ви ја опишам тагата на детето... И како децата да склопуваат пријателства, да се сакаат и да се почитуваат меѓусебно?“ – напиша видно револтираната мајка на Твитер.

Инаку, таа претходно објави фотографија од тортата направена по повод 12-иот роденден на нејзината ќерка Дијана, до која напиша колку непријатно биле изненадени кога претходно поголем број родители потврдиле дека нивните деца ќе дојдат на роденденот, а не се појавиле.

„Од 16 деца, 13 потврдија дека ќе дојдат на роденденот. Дојдоа само три. Наводно се пакуваат за годишен одмор, им искрснало планинарење, а на некои им било доцна да дојдат од 14 до 17 часот. Никој не се јави културно да се извини. Изнајмен простор, храна, домашно кино, голема торта… Сето тоа не е важно …“ – стои во написот над фотографијата.

Голем број нејзини следбеници на Твитер одговорија дека не е во ред тоа што родителите прво потврдиле дека ќе дојдат, а потоа не дошле. Сепак, некои пак велат дека и тие имаат роденден во лето и дека токму од тие причини не се ни обидувале да го слават роденденот, за да не им се случи нешто слично.

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: depositphotos.com / Twitter

Би можело да ве интересира:

„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg