„Луѓето мислат дека сум лоша мајка затоа што децата ми се на диета – не ми е гајле што кажуваат“

Инфлуенсерката Аби Дурл Вангер на социјалните мрежи ја промовира кето-диетата и на нејзините профили на социјалните мрежи House of Keto споделува видеа од оброците што најчесто ги подготвува за нејзиното семејство.

Majka-otkako-beshe-kritikuvana-za-toa-shto-decata-i-se-na-dieta-Jas-sum-roditel-na-plodovite-od-mojata-utroba-01.jpg

Таа неодамна беше мета на критики, откако објави видеа од „оскудните“ оброци што ги подготвува за своите деца за во училиште. Според кето-диетата оваа мајка јаглехидратите во исхраната ги заменува со храна богата со масти. 

Во кутијата за оброци таа стави малку марула со исечкано пилешко и сирење, неколку јагоди и боровинки и едно тврдо варено јајце.

„Моето 11-годишно дете практикува КЕТО исхрана и ова ѝ го подготвив за ручек“ – вели таа во видеото.

Дел од корисниците останаа збунети од овие видеа, па ѝ поставија прашање зошто нејзиното 11-годишно девојче воопшто е на диета.

majka-odgovori-na-kritikite-za-toa-shto-decata-od-5-i-11-godini-i-se-na-dieta-jas-sum-im-roditel-a-vie-ne-ste-ni-lekari-02.jpg

majka-odgovori-na-kritikite-za-toa-shto-decata-od-5-i-11-godini-i-se-na-dieta-jas-sum-im-roditel-a-vie-ne-ste-ni-lekari-03.jpg

Таа вели дека иако луѓето ја обвинуваат дека е лоша мајка, затоа што на децата не им дава јаглехидрати - воопшто не се грижи за мислењето на другите луѓе. Во одговор на коментар, посочи дека оваа диета била одобрена од страна на педијатарот на нејзините деца.

View this post on Instagram

A post shared by House Of Keto (@house.of.keto)

Воопшто е познато дека КЕТО диетата го намалува нивото на шеќери во крвта и нивото на инсулин и го пренасочува метаболизмот од преработка на јаглехидрати кон масти и кетони (хемикалија што црниот дроб ја произведува кога ги разложува мастите).

Медицински лица пишуваа дека ваквиот начин на исхрана не се препорачува за деца, односно дека може да биде безбеден, но и мошне ризичен, особено ако не се надгледува од професионалец.

Мајката застана во одбрана на сопствените ставови, па потенцира дека сите членови во нејзиното семејство се хранат на овој начин: таа и нејзиниот сопруг, двете деца, но и милениците.

Откако се појавија поголем број написи во медиумите за нејзиниот невообичаен начин на одгледување на децата, таа на Инстаграм објави подолг пост во којшто уште еднаш застана во одбрана на сопствените ставови и верувања:

„Ние го живееме нашиот КЕТО начин на живот што се заснова врз долги години истражувања и искуства и го споделуваме тоа што го правиме за доброто на оние што сакаат да го прават истото.

Не бараме консензус или одобрување од илјадници луѓе што воопшто не ги познаваме. Јас сум родител на плодовите од мојата утроба; Немате право да ги следите медицинските податоци не моите деца;

Доколку сте лекар, нутриционист, ветеринар, медицинско лице или само гурман, честитки за вашите успеси во кариерата. Но, вие не сте наш лекар и затоа вашето мислење не е важно;
Нашите деца се здрави, добро се развиваат и добиваат сè што им треба од начинот на кој се храниме. Ако тоа ве вознемирува, не нè следете“ – напиша таа меѓу другото.

Во продолжение погледнете видеа од оброците што таа ги подготвува:

@houseofketo

##keto ##lowcarb ##lunchbox ##bento ##kidsfood

♬ good 4 u - Olivia Rodrigo

@houseofketo

His lunch is the same pretty much every single day. protein changes sometimes @choczero ##keto ##lowcarb ##ketorecipes ##ketokids ##healthykids ##sugarfree

♬ Did It On’em - Nicki Minaj

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg