Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 обични работи кои за бебињата може да се опасни

Многу родители се борат со помислата како да му обезбедат сигурен и безбеден простор на своето новороденче.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-001.jpg

Колку и да внимавате на острите ќошиња, никој не ни претпоставува дека обичната перница или навлажнувачот за воздух може да бидат опасни.

Ова се 8 обични работи и пресмети кои сериозно може да му наштетат на бебето:

1. Перници

Перницата обично е синоним за комфор, но за малите бебиња може да бидат опасни поради задушување или поттикнување на разни алергии.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-01.jpg

2. Навлажнувач на воздух

Иако влажниот воздух има позитивно влијание на дишењето и кожата на новороденчето, сепак претераната употреба може да создаде влага.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-02.jpg

3. Магнети

Шарените магнети може да бидат сериозна причина за задушување, ако не се добро фиксирани за играчката или површината.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-03.jpg

4. Какви било апаратчиња за следење на звукот на бебето

Со самото тоа што содржат жици, најдобро е да не ги оставате апаратчињата за надгледување на бебето директно во креветчето.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-04.jpg

5. Прекривки и ќебенца

Ќебенцата и прекривките се исто така опасни, бидејќи бебето нема контрола кога се замотува во нив. До 18 месеци, педијатрите советуваат детето да е доволно облечено, но не покриено и оставено само во креветче.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-05.jpg

6. Било што со батерии

Посебно ако бебето минува низ „фазата во која става сè во уста“ батериите не би требало да се на дофат. Може да предизвикаат сериозни изгореници.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-06.jpg

7. Вештачки мириси, свеќи, освежувачи

Не е тајна дека вештачките мириси може да создадат иритација на дишните патишта и потоа детето во текот на животот да биде склоно на алергии.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-07.jpg

8. Плишани играчки

Плишаните играчки треба внимателно да ги бирате, бидејќи голем дел од нив може да имаат зашиени делови кои детето лесно може да ги извади, а може и да содржат хемикалии или материјали на кои детето е чувствително.

8-obicni-raboti-koi-za-bebinjata-moze-da-se-opasni-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Дружете се со луѓе што имаат добар брак“ и уште 9 корисни совети за бракот „Ако го ставите бракот на прво место – и децата и вашиот брак ќе имаат корист. А...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg