Мајка стоејќи на раце го дои синот и ги промовира спортските вештини – како им одговори на критичарите?

Австралиската олимпијка Тора Брајт ги покажа сопствените спортски вештини откако објави фотографија како го дои синот Флоу додека сосема гола прави стој на раце.

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-01.jpg

Шампионката во сноубординг го одбележа својот прв Ден на мајките со тоа што сподели несекојдневна фотографија на која го дои синот, додека прави стој на раце. Покрај оваа фотка, објави уште неколку други фотографии заедно со синот.

Спортските вештини на олимпијката беа прифатени со големо воодушевување, но некои дадоа негативни коментари. Дел од луѓето што коментираа се обидоа да ја критикуваат Брајт како родител и сметаа дека со таквите фотографии само се обидува да привлече внимание и го користи детето за да си ги промовира своите спортски вештини.

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-02.jpg

Австралискиот портал news.com.au успеал да го објави одговорот на критиките во коментари, кој Брајт го објавила како Стори на Инстаграм, пред истиот да биде избришан.

„Читањето на некои од овие коментари ме направи тажна. Во мојот свет мајките треба едни за други да навиваат (и онака доволно е тешко). Да ja прифатиме сопствената невообичаеност и да ја најдеме радоста во секоја пос**на работа од мајчинството. Сите го правиме тоа на различен начин. Нема погрешен или правилен начин. Мајчинството е чиста работа. Само се чувствувам како Wonder Woman затоа што ви се придружив во светиот клуб на МАЈКИ. Ништо освен почит кон сите мајки“ - напиша таа во одговорот.

majka-stoejkji-na-race-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-0.jpg

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-03.jpg

Понатаму таа одговори и на критиките што беа упатени кон неа поради невообичаената фотографија:

„Праќам љубов до сите мајки на кои што им е потребна. Ви го чувам грбот. Секоја мајка била на вашето место. Не сте сами. Не барам признание. Никогаш не ми биле потребни признанија од непознати луѓе. Чекорам по оваа земја според ритамот на моето срце водена од сопствените потреби и потрагата по љубов и радост... Очигледно.“

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-04.jpg

Инаку ова не беше прва несекојдневна фотографија на олимпијката со доење. Минатиот месец таа објави фотографии како го дои синот додека вози скејтборд. Флоу во јули годинава ќе наполни една година, тој е нејзиното прво дете со сопругот Ангус Томсон, кој исто така е сноубордер.

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-05.jpg

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-06.jpg

Majka-go-doi-sinot-i-gi-promovira-sportskite-veshtini-kako-im-odgovori-na-kriticharite-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg