По десет години борба со неплодност станале родители на 5 биолошки деца – вториот пат добиле четворка

По десет години борба со неплодност Старлин Каферата и нејзиниот сопруг Бил по успешен ин-витро третман ја дочекале ќерќичката Зои пред две години. Потоа следел шок: тие се обиделе повторно да станат родители со последниот замрзнат ембрион од постапката кога била зачната Зои, а никој не очекувал дека Старлин ќе остане бремена со четворка.

Po-deset-godini-borba-so-neplodnost-prvo-dobile-kjerka-a-po-dve-godini-i-cetvorka-01.jpg

Двојката што живее во Тексас, САД, Откако претходно имале шест безуспешни обиди за третмани за неплодност се одлучиле да го искористат последниот ембрион, останат и смрзнат од истиот период кога била создадена и нивната ќеркичка Зои.

За чудо, Старлин, 36-годишната педијатриска сестра останала бремена и тоа не со едно, туку со 4 бебиња.

Po-deset-godini-borba-so-neplodnost-prvo-dobile-kjerka-a-po-dve-godini-i-cetvorka-02.jpg

„Лекарите рекоа дека мислат дека еден ембрион се разделил во идентични близнаци, а потоа моето тело за чудо произвело уште две јајце клетки во истото време кога го направивме трансферот и дека тие се оплодиле по природен пат“ – вели таа.

Четворката, синот Енѕо и ќерките Ленон, Стела и Франческа биле родени при крајот на јануари, кога Старлин била во 31-вата недела од бременоста.

Po-deset-godini-borba-so-neplodnost-prvo-dobile-kjerka-a-po-dve-godini-i-cetvorka-03.jpg

„Ставија само еден ембрион, а потоа дознав дека сум бремена со четворка и тоа беше просто неверојатно. Не можевме да поверуваме. Знаевме дека тоа ни е последната надеж, па во најдобар случај се надевавме дека ќе имаме едно бебе, воопшто и не помислувавме дека ќе бидат повеќе од едно“ - вели Старлин.

Двојката дознала дека Старлин е бремена со четворка дури два месеци подоцна.

„Кога отидов на првиот ехо-преглед лежев на столот и докторката го движеше апаратот на стомакот и упорно гледаше на екранот. Бев во паника заради тоа што мислев дека ќе ми каже дека не слуша биење на срцето или дека нешто лошо се случило со бебето. Кога ми го сврте мониторот рече дека не може да верува, но дека всушност има четири срца. Мислев дека не сум ја слушнала добро, а и Бил исто. Не знаевме што да кажеме. Потоа ни покажа на екранот и можевме да ги видиме четирите мали срца како отчукуваат“ - вели таа.

Додава дека по овој шок, таа морала да ја извади маската затоа што не можела да дише, а сопругот Бил бил црвен од шокот.

„Кога лекарите ни кажаа дека јас сум произвела уште две јајце клетки по природен пат и дека и двете се оплодиле, тоа ни изгледаше како вистинско чудо. Цели десет години очајно се обидувавме да почнеме семејство. Сега наеднаш ќе бидеме родители на пет деца“ – вели таа.

Po-deset-godini-borba-so-neplodnost-prvo-dobile-kjerka-a-po-dve-godini-i-cetvorka-04.jpg

Бременоста поминала во најдобар ред, иако се сметала за бременост со висок ризик, па Старлин морала да оди на прегледи секои две недели за да се увиди дали бебињата растат правилно и дали се живи.

Стомакот ми беше огромен. Дури и кога бев само шест недели бремена, стомакот ми беше со иста големина како да бев бремена во 15-тата недела. Во времето кога стасав до 31-вата недела, не можев да си ги видам стапалата и не можев да одам подолго од неколку чекори“ – вели таа.

Кога била во 29-тата недела таа била примена во болница како случај со патолошка бременост. Четворката била родена при крајот на јануари, кога Старлин била во 31-вата недела од бременоста.

Po-deset-godini-borba-so-neplodnost-prvo-dobile-kjerka-a-po-dve-godini-i-cetvorka-05.jpg

Сепак, поради голема и невообичаена снежна бура што го зафатила Тексас, но и поради рестрикциите заради Ковид, двојката не можела да ги види бебињата цели осум денови. Потоа, во февруари две од нив биле пуштени дома, а другите две во март.

„Беше ужасен период. Не ни беше дозволено да одиме во болницата цела недела поради бурата. Немаше струја во болницата и моравме со пораки да комуницираме со сестрите што се грижеа за бебињата. Дури морав и да измолзувам млеко на паркингот пред болницата, а потоа една од сестрите доаѓаше да го земе, за да им даде на бебињата. За среќа, откако помина бурата, ни беа дозволени ограничени посети“ – вели таа.

Po-deset-godini-borba-so-neplodnost-prvo-dobile-kjerka-a-po-dve-godini-i-cetvorka-07.jpg

Инаку Старлин додава дека нивната поголема ќерка Зои е пресреќна што има братче и сестрички, како што вели нивните пет деца всушност се „концептуални“ близнаци, затоа што со ин-витро постапката и Зои и близнаците биле зачнати во истиот период, само што близнаците чекале „замрзнати“ во следните две години.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg