Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Исповед на мајка на новороденче: „Љубоморна сум затоа што ќерка ми личи на татко ѝ, а не на мене“

Тешко е да се биде мајка на новороденче. Нови искуства со бебето, сè е ново: немаш упатства за тоа како да го одгледуваш бебето, туку се потпираш на сопствениот инстинкт, но и на она што те советуваат другите.

Ispoved-na-edna-majka-znam-deka-e-nerazumno-ama-ljubomorna-sum-zastoa-shto-kjerka-mi-lichi-na-tatko-i-01.jpg

На британскиот форум за родители Mumsnet сѐ повеќе луѓе ги споделуваат своите искуства од првите мигови со нивните деца. Бараат совети, но и ги искажуваат сопствените емоции околу улогата на родители.

Така оваа мајка сподели анонимна порака, во којашто искрено говори за она што ја преокупира во моментов и не, не е поврзано со тоа кои пелени се најдобри за нејзиното дете.

Ispoved-na-edna-majka-znam-deka-e-nerazumno-ama-ljubomorna-sum-zastoa-shto-kjerka-mi-lichi-na-tatko-i-02.jpg

Како што вели, и самата се чувствува вознемирено поради сопствените емоции, но ја вознемирува тоа што нејзината ќерка од 7 недели изгледа исто како таткото.

„Таа е како него откако се роди и сите го велат тоа… Неговото семејство. Моето семејство… Сите. Секоја фотографија што ќе ја ставиме на интернет е проследена со лавина коментари за него дека таа е „негов двојник“ итн. Прво, не сакам ќерка ми да изгледа како 40-годишен маж. Второ, дали сум неразумна, ама навистина сум љубоморна и вознемирена затоа што таа не изгледа како мене“ - открива оваа мајка.

Како што напоменува, се чувствува дека вложила многу време и труд за да ја создаде и сега поминува 90% од времето во грижа за ќеркичката и не може да види ништо од себеси во девојчето и тоа ја погодува.

„Да бидат нештата полоши, мојот партнер не ужива многу да биде нов татко и се обидувам да му помогнам да се адаптира, но се чувствувам дека тој сè уште не ја сака. Сè ми изгледа нефер. Постојано се проверувам себеси и иако сум среќна дека таа е среќно и здраво бебе и ова навистина е неважно. Но, морам да кажам дека ме онерасположува. Дали сум неразумна?“ – прашува мајката.

Што мислите вие дали оваа мајка е неразумна? Дали на 7 недели можеме да кажеме на кого личи бебето и дали треба да постои љубомора?

Б. С. Б. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
Мајка од Велика Британија се жали: „Не е до децата, туку е до товарот да се излезе на крај со сите о... „Не е до децата... До притисокот да се одржи домаќинството е. Да се пронајде бал...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
„Сопругот побара старателство за кучето, а децата ми ги остави мене“: Неверојатни приказни за развод... „Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведувавме. Прво тој ме изн...
Летување со бебе: На што да внимавате и што да понесете со себе? Какви лекови да земете и кога е најповолен период за на плажа? Што сè треба да з...
На 40 години конечно сфатив - мама беше во право! На секој мој несмасен обид да се вратам во времето и да поправам сè, мајка ми се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg