„Мојата 3-годишна ќерка пере и чисти со правосмукалка дома - пријателите ме критикуваат“
„Некои пријатели ме критикуваат дека на ќерка ми не ѝ дозволувам да има нормално детство, но јас уште кога наполни една година почнав да ја учам како да ги извршува домашните обврски“, вели Самр Томпсон од Велика Британија. Правилно или погрешно?
Самр Томпсон (21) од Велика Британија, работи како спасувач и е самохрана мајка на 3-годишно девојче.
Таа вели дека уште откако нејзината ќерка Луна наполнила една година таа почнала да ја учи дека нејзина обврска е да се грижи за домот.
Томпсон вели дека пријателите ја критикуваат за овој пристап и велат дека не е во ред тоа што го прави.
„Како дете јас почнав од најрани години да помагам дома, како тоа да ја соберам масата по јадење или да поставам вечера. Фан сум на тоа децата колку што е можно порано да научат како да ги извршуваат работите во домаќинството.
Луна отсекогаш го прави тоа, таа не знае дека постои нешто поинакво. Јас сум строга мајка.
Една од првите работи кои ги научи е да ја полни машината за перење со облека. За неа тоа беше како игра и ѝ се допадна. Потоа научи да ја вади облеката од машината, па да си го средува креветот, па да си стави сад со житарки за појадок, а потоа дури и да мие чинии.
Исто така, знае дека по играњето со нејзините кукли треба да ги стави на место. Ми помага и во поставувањето на масата за оброците и ми подава продукти при готвењето.
Некои пријатели ме критикуваат дека не ѝ дозволувам да има нормално детство. Но, се разбира дека таа има слободно време за играње.
Ние сме многу блиски и сакаме да минуваме време заедно, па зошто да не ја средиме куќата заедно? Луна треба да стекне самодоверба околу готвењето, чистењето и водењето на домот за кога ќе има свој дом и деца да не ѝ биде тешко.
Како што децата треба да научат да читаат и пишуваат, така треба и да научат да чистат и готват од најрана возраст. Како родители обврска ни е да ги подготвиме за одговорностите кои ќе им ги донесе животот“, вели Томпсон.
Што мислите за овој пристап кон родителството?
С. С. | Црнобело