„Уморни од тишината, мирот, приватноста?“ - татко ги напаѓа тие што се жалат на умор, а немаат деца

„Уморни од што? Од тоа што можете да одморате кога ќе си дојдете од работа и на раат да уживате во оброкот?“ - вели Савада Гилмор, кој потоа беше нападнат од луѓето кои немаат деца.

umorni-od-mir-i-tishina-od-privatnost-tatko-gi-napagja-tie-shto-se-zhalat-na-umor-a-nemaat-deca-01.jpg

Савада Гилмор е познат по своите забавни видеа на ТикТок, а сега овој татко во хит видео ги нападна луѓето кои немаат деца, а се жалат дека се уморни.

Шеговитото видео има милионски прегледи, а наиде дури и на дебата во коментарите.

Во видеото Гилмор вели:

„Луѓето се жалат дека се уморни, а немаат деца.

Уморни од што? Од тоа што можете да одморате кога ќе си дојдете од работа?

Уморни од што? Од мирот и тишината?

Уморни од што? Од приватноста?

Уморни од што? Што можете да си уживате во оброкот?“

И иако станува збор за шега, многу луѓе го осудија Гилмор за видеото.

„Изморен сум од луѓе кои не сфаќаат дека имањето деца е избор“ е еден од коментарите. „Не се мои деца, не е мој проблем“, „Тоа што немам деца треба да прави да се чувствувам виновно за тоа што сум уморен?“, се дел од осудувачките коментари.

Погледнете го хит видеото на Гилмор:

@savvy.smiles

Just PARENT humor. I know WE signed up for this. I know EVERYONE can be tired!??? Ic: @the.tired.dad ##dadsjokes ##parenthumor ##parentsbelike ##dadsbelike

♬ BGC Drama Effect - whozmanzz

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg