Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Самохран татко создава ремек-дела од оброкот на ќерката: „Сакав ќерка ми да се храни здраво“

Понекогаш за да ги натераме малите деца да јадат не е потребно само храната да биде вкусна, туку мошне важна е и презентацијата. Така овој самохран татко, воден од желбата да внесе здрава храна во исхраната на ќерка му, најде начин како да ѝ го сервира оброкот за храната да биде што е можно попримамлива.

samohran-tatko-sozdava-remek-dela-od-obrokot-na-kjerkata-sakav-kjerka-mi-da-se-hrani-zdravo-01.jpg

Мајкл Викс креира вистински ремек-дела од оброците на неговата 4 годишна ќерка. Сцени од цртаните херои Peppa Pig и Frozen се само дел од богатиот „репертоар“ на трикови на овој самохран татко.

Како што вели, на 37-годишниот Мајкл му било смачено од смрзната храна и достава на храна, па сакал во исхраната на 4-годишната Силвија да внесе што е можно повеќе здрава храна. 

https://www.instagram.com/tv/CNSjD8WnNrF/?utm_source=ig_web_copy_link

Иако сѐ почнало како шега, сега тој ја разгледува можноста своите креации (дел од кои веќе се објавени на неговиот Инстаграм профил dadshappymeals) да ги вметне во книга.

„Пред неколку години станав самохран родител и влегов во рутина во која компирчињата од рерна и пилешките прсти беа стандард. Една вечер кога таа ми побара пилешки прсти, си помислив: Ова станува навика. Па така првата вечер го направив овошниот оброк во облик на сендвич од McDonald's на шега“, вели тој.

Откако Силвија го изела овој оброк без проблем тој почнал да размислува за други креации што би можел да ги направи од храна.

Тој открива дека вака сервираната храна не само што му помогнала во исхраната на ќерката, туку и додека ја сервира успева да се ослободи од стресот што го чувствува како самохран родител.

„Да се биде самохран родител – многу работи ми поминуваа низ глава. Тоа е животот на самохран родител – нормалните активности што веќе не можев да ги правам затоа што бев врзан дома и се грижев за ќерка ми. Готвењето отсекогаш беше моја пасија, а ова беше не само за да ја натерам да јаде, туку и за да го „вработам“ мозокот“, вели Мајкл.

Некои од неговите креации веќе се забележани од поголем број родители на социјалните мрежи, како неговите диносауруси од мисиркино месо и вулканите од грав и пасиран зеленчук. Интересни се и креациите со Peppa Pig и Олаф од Frozen.

Секоја чест на овој татко. Од неговите креации родителите можат да научат многу, како преку игра да ги натераат децата да јадат и да се хранат здраво и дека секогаш кога размислуваме за оброците на нашите деца треба да размислуваме и за презентацијата.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg