Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На што треба да внимавате ако им ги дупнавте ушите на дечињата?

Мајките со нетрпение очекуваат да дојде време за да ги дупнат увцињата на нивните малечки и да им стават обетки. Можеби некои од вас веќе го направиле тоа, а некои (како мене) сè уште се плашат и чекаат детето да порасне.

Ste-im-stavile-obetki-na bebinjata-na-shto-treba-da-vnimavate-01.jpg

Доколку веќе сте ги дупнале увцињата на бебето, во продолжение споделуваме неколку совети на што треба да внимавате во наредниот период.

Иако, можеби ви се чини како наједноставна работа, сепак и со ова, како и со сè друго впрочем, може да ве дочекаат изненадувања.

Кога ќе ги дупнете увцињата на бебињата, според Healthline треба да внимавате и на неколку други ризици.

Доколку сте внимателни и се придржувате до препораките за заздравување не би требало да има несакани ефекти, како нерамни или проширени дупчиња на увцињата.

Исто така, досега нема податоци за потенцијални алергиски реакции на металот од обетките, секако доколку процесот сте го направиле на проверено место.

Она што особено би требало да се напомене е дека мора да се внимава обетките да бидат добро стегнати, да не се отворат или да испаднат, затоа што лесно може да завршат во устата на детето.

За полесно заздравување на увцињата, во написот се препорачува:

  • Дупчињата да се премачкуваат со антибиотска крема двапати дневно (кремата се става на малку памук, а потоа се нанесува на увцињата);
  • Движете ги обетките кружно барем двапати дневно;
  • Немојте да ги вадите или да ги менувате обетките во првите 4 до 6 недели;
  • Секако, немојте да ги допирате дупчињата со нечисти раце.

ste-im-stavile-obetki-na-bebinjata-na-shto-treba-da-vnimavate-02.jpg

Кога им ставаме обетки на дечињата постојат ризици од инфекција. Токму затоа мора да се следат препораките што ни се дадени откако сме ги ставиле обетките.

Иако, кај најголемиот дел нема некои посебни промени, сепак треба да внимавате на следните симптоми:

  • Црвенило
  • Отеченост
  • Болка
  • Топлина на допир
  • Покачена телесна температура

Доколку се забележат некои од овие знаци, тогаш местото треба да се исчисти со солен раствор (не со алкохол или хидроген), но секако во претходна консултација со лекар.

„Додека го чистите местото, обидете се да ја свртите обетката, доколку забележите дека обетката не се врти, тоа најверојатно е знак на инфекција. Во тој случај најдобро е веднаш да се јавите кај лекар“, се вели во текстот.

Дополнително, родителите треба да внимаваат и на навикнувањето на дечињата на обетките. Многу е веројатно да не се чувствуваат пријатно во првите неколку денови, па затоа ќе мора да се обезбедиме со дополнителна занимација за детето(играчки, омилени грицки, омилена игра итн.).

ste-im-stavile-obetki-na-bebinjata-na-shto-treba-da-vnimavate-03.jpg

Добра вест е дека болката од новите обетки брзо минува, секако доколку местото го чуваме чисто и внимаваме на инфекции.

На прашањето дали треба да се дупнат ушињата на бебињата и кога можеме да им ставиме обетки на малечките, секој ќе ви одговори различно.

Иако, начелно се смета дека е сосема безбедно да се ставаат обетки, па некои родители тоа го прават уште додека децата се многу мали, сепак некои чекаат да пораснат.

Сè завииси од вас како родители. Сепак, вие најдобро знаете како да се грижите за вашето дете и кога тоа е подготвено за овој моден додаток. 

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
7 најчести грешки кои ги прават родителите дури и без да забележат Дури и да ви делуваат смешни детските проблеми, во нивната глава тие се огромни ...
9 типа на однесување на родителите, што им се враќаат како бумеранг (низ илустрации) Ги издавате тајните на детето пред сите или го карате кога ќе ви се довери. Му в...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg