До лузната која стои да ме потсетува на мојот царски рез: „Ти си портата која му ја покажа светлината на моето бебе“
Април е месецот на кревање свесност за породување со царски рез.
До лузната која стои да ме потсетува на мојот царски рез...
Не те посакував. Ниту планирав да постоиш. Всушност, направив сè што можев за да те избегнам. Но денес, денес те сакам. Ти си дел од мене. Ми изнудуваш насмевка.
Ти не си слабост ниту пак неуспех. Ти не си грешка. Ти си дел од мене.
Ти си портата која му ја покажа светлината на денот на моето бебе. Ти ме потсетуваш колку сум силна и храбра како жена и мајка.
Се сеќавам на болката кога првпат требаше да станам од болничкиот кревет. Кога успеав да направам цели три чекори. Следниот ден да стигнам до вратата од собата.
Денот кога успеав да станам без помош од сопругот и да се охрабрам дека сега веќе можам и да одам на прошетка. Денот кога успеав да седнам на подот и да си играм со моето бебе и да станам од подот без помош. Денот кога го кренав легенот со алишта.
фото: depositphotos.com
Не бев подготвена дека нема да го чувствувам сопствениот допир на местото околу лузната. Дека ќе имам впечаток како да допирам нечие друго тело. Требаше време да се вратат пресечените нерви во нормала.
Докторот пресекол 6 слоеви од моето тело за да стигне до моето бебе.
Драга лузно, ти си темното место во моето тело кое ми донесе само светлина. Никогаш нема да бидеш едноставна приказна, но секогаш ќе бидеш дел од мене.