„Зошто веднаш судите?“ - Мајка стана мета на критики бидејќи со партнерот ставиле прекривка врз количката на детето
Мајките понекогаш се под огромен притисок затоа што околината како да чека да направат само еден погрешен потег и веднаш да почне со лавина од критики на нивна сметка. Се согласувате ли?
Кејт Лолер е 40-годишна мајка од Велика Британија, која е позната како водителка, диџеј и учесник во ријалити шоуа.
Таа стана мета на критики откако објави како со свршеникот ја шетаат нивната ќеркичка Ноа во количка со прекривка одгоре.
По низата критики упатени кон неа, Кејт се огласи со објаснување и им порача на сите да не судат пребрзо.
Таа вели дека иако новороденчето било покриено, тоа имало доволно воздух поради мрежата поставена на предниот дел од количката за која всушност не се свесни нејзините следбеници на Инстаграм дека постои.
„Многу загрижени луѓе за прошетката од оној ден“, напиша Кејт.
Потоа таа даде објаснување за каква количка станува збор, но и порача дека во иднина нема да ја покрива целосно количката и се заблагодари на советите, а со фотографија направена од друг агол на количката таа докажа дека на бебето всушност му влегува воздух преку мрежата.
Ова е само една од ситуациите кои се доказ дека на мајките им се суди пребрзо, без да се знае комплетната ситуација.
Сепак, за сите кои уште не се запознаени, прочитајте Зошто никога ш не треба да ставате прекривка врз количката со вашето бебе?
С. С. | Црнобело