Солзи радосници и тон емоции: Моментот кога 39-годишна жена првпат го запознава својот татко (видео)

„Изгубивме 39 години. Но сега имам татко!“ – видео од моментот кога татко и ќерка за првпат се запознаваат ќе ви го стопи срцето.

solzi-radosnici-i-ton-emocii-momentot-koga-39-godishna-zhena-prvpat-go-zapoznava-svojot-tatko-video-01.jpg

Во време кога владеат негативни случувања, потребна ни е доза на позитива и надеж дека во светот се случуваат и убави работи.

На социјалните мрежи наидовме на прекрасно видео кое нема да ве остави рамнодушни, објавено од Џесика, девојка позната под името too_glam_to_give_a_dame на Инстаграм.

Видеото го прикажува моментот кога таа за првпат во животот го запознава нејзиниот биолошки татко, а во описот стои:

„На 2 јануари 2021 мојот живот се промени! Го запознав татко ми за првпат. Никогаш не сум го запознала претходно. Ова денес беше прекрасен момент кој го чекам цел живот! Јас сум среќна жена што го имам!“

View this post on Instagram

A post shared by Too GLAM TO Give A DAMEByjessy (@too_glam_to_give_a_dame)

Оттогаш таа објавува фотки со нејзиниот татко, а открива и дека ќе ги обноват заветите со својот сопруг, за конечно да може нејзиниот татко да ја испрати до олтарот.

solzi-radosnici-i-ton-emocii-momentot-koga-39-godishna-zhena-prvpat-go-zapoznava-svojot-tatko-video05.jpg

„Изгубивме 39 години! Но, најважно е дека сега ќе уживам со него. Имам татко!“ – пишува таа во нејзините објави.

solzi-radosnici-i-ton-emocii-momentot-koga-39-godishna-zhena-prvpat-go-zapoznava-svojot-tatko-video04.jpg

solzi-radosnici-i-ton-emocii-momentot-koga-39-godishna-zhena-prvpat-go-zapoznava-svojot-tatko-video03.jpg

Приказната за нивното одвојување и начинот на кој се пронашле не е позната, но она што е најважно е дека сега се имаат еден со друг. Родителската љубов не може никој да ја одземе!

М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Шест лекции што секој татко треба да му ги пренесе на својот син Образувај се, отфрлај ги токсичните мисли, справи се со своите несигурности и на...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg