10 карактеристики на луѓето кои се последицa од растење во токсична семејна средина
Факт е дека родителите имаат огромна улога во менталниот и емотивниот развој на децата. Бидејќи децата неретко го следат примерот на родителите, голема е веројатноста да ги повторат нивните грешки кога ќе пораснат.
Растењето во токсична средина може да има огромни последици, кои личноста ќе ги чувствува и покажува дури и кога ќе порасне.
Неретко луѓето кои пораснале во токсична семејна средина прават непромислени работи, имаат проблеми со самодовербата и остануваат во токсични врски, без разлика колку им штетат.
Вo продолжение погледнете 10 карактеристики на луѓето кои се последица од растење во таква средина:
Секогаш ги ставаат туѓите потреби пред своите
Ако детето било сведок на многуте караници на родителите, со текот на времето ќе почне да ги потиснува своите потреби. Ова ќе стане уште поизразено ако родителите ги дискутирале брачните проблеми со детето, па дури и го терале да заземе страна.
Поради ваквите ситуации, детето ќе почне да мисли дека неговите потреби се неважни, и истиот начин на размислување ќе продолжи и кога ќе порасне.
Одбираат токсичен партнер
Бидејќи пораснале во токсична средина, за овие луѓе е нормално да имаат токсичен партнер. Односно, тие сметаат дека е нормално да имаат партнер кој не ги почитува, па дури и партнер кој ги малтретира, бидејќи таков бил односот на нивните родители.
Лесно избувнуваат и се однесуваат лошо кон другите
Ако родителите се однесувале лошо кон своето дете, најверојатно кога ќе порасне и тоа ќе се однесува така. Детето секогаш го следи примерот на родителите, па ако тие му викале, го казнувале без причина, не ја почитувале неговата приватност и слично, голема е веројатноста детето да се однесува исто кон саканите кога ќе порасне.
Не можат да ги искажат своите чувства
Растењето со строги родители може да ги натера децата да ги потиснуваат нивните емоции. Ако детето било критикувано секојпат кога ќе покаже каква било емоција, нормално е да почне да ги крие емоциите и да продолжи со тоа дури и кога ќе порасне.
Ги обвинуваат другите за своите проблеми
Ако родителите секогаш го обвинувале детето за нивните проблеми, со текот на времето и тоа ќе почне да го прави истото. Тоа ќе сфати дека за проблемите секогаш е одговорен некој друг и кога ќе порасне и ќе се соочи со пречка, проблем или неуспех, ќе ја бара вината кај другите.