Мајка доби близнаци зачнати во различно време: „Затруднев пак додека бев бремена“
Близначињата на Ребека Робертс се родени на ист ден, но се зачнати во растојание од 3 недели. Ноа и Розали се близнаци зачнати со суперфетација и се еден од 14-те вакви случаи на деца некогаш родени во светот.
Ребека Робертсон од Велика Британија открила дека носи близнаци, но она што ја зачудило е што докторите ѝ рекле дека еден од нив е помлад од другиот точно 3 недели.
Во светот имало само 13 вакви документирани случаи, додека малите Ноа и Розали не станаа четиринаесеттиот.
Ребека вели дека нејзината бременост била преплавена со помешани емоции, бидејќи постојано чувствувала како лекарите да ѝ кажуваат дека нешто не е во ред со помалиот близнак, бидејќи суперфетацијата е необична и недоволно позната појава.
„Беше очигледно дека еден од близнаците е многу помал од другиот. Меѓу нив имаше разлика во големината од точно 3 недели. Не можеа да разберат што се случува и зошто големината е толку различна.
По повеќе прегледи, специјалист за близнаци дојде до заклучок дека повторно сум овулирала и всушност сум забременила додека сум била во 3-тата недела од бременоста,“ вели мајката.
Ова се едни од ретките близначиња:
М. Д. | Црнобело