Приклучете сè: Онлајн курс за мајки со м-р Елена Џебр и логопед Симона В. Николовска

Под насловот “ Растеме и се развиваме заедно ”, две мајки, професионалци во својата област, М-р. Елена Џебр и Дипл. Логопед Симона В. Николовска создадоа онлајн курс, наменет за мајки и дете.

priklucete-se-onlajn-kurs-za-majki-so-mr-elena-dzebr-i-logoped-simona-v-nikolovska-01.jpg

Само 7% од мајките добиваат соодветна грижа за менталното здравје, а 4 од 5 мајки се соочуваат со одреден проблем. Кога доаѓа бебето, сите се фокусирани само околу неговиот развој, а мајката комплетно е исцрпена, уплашена, збунета, растргната. За менталното здравје не се зборува, само ќе кажат: „Ех,  хормони“.

Дали е во прашање тоа? Некогаш, да. Но, многу е веројатно дека станува збор за период кога границите комплетно се нарушуваат, животот комплетно се менува, недостасува време, недостасува организација, недостасува соодветна едукација.

Реалноста е дека многу малку мајки се осудуваат да побараат нешто и за себе, секогаш им е полесно и попријатно ако го прават тоа само за своето дете или било кој друг. Но, развојот на вашето дете најмногу зависи од вашата добросостојба, од тоа како се чувствувате, како реагирате, колку сте организирани, какви граници поставувате или не поставувате, колку се сакате себеси, колку се грижите за себе! Не, исцрпеност, анксиозност, стрес, депресивно расположение, неможност да се поврзете добро се бебе, растурени односи во бракот, лоши односи со родителите на вашиот сопруг или вашите родители, браќа, сестри, црни подочници, промени во тежината, нервоза, постојан немир, страв, збунетост НЕ СЕ НОРМАЛНИ. Тоа е нешто кое во нашето општество стана нормално затоа што мајката не кажува СТОП, или пак кажува СТОП кога веќе е предоцна и истото нема ефект.

И стручните лица не се поштедени од овие состојби и промени кои се случуваат кога доаѓа мајчинството. Мајките се плашат да кажат дека им е тешко, затоа што општеството не ги поддржува соодветно и ги осудува како да рекле дека не си го сакаат своето дете. Не! Кога кажуваме дека мајчинството е тешко, ние не кажуваме дека не го сакаме безусловно многу нашето дете.

За детето, мајката е целиот негов свет и тоа е многу одговорно место. Место на страв, збунетост и исцрпеност.

priklucete-se-onlajn-kurs-za-majki-so-mr-elena-dzebr-i-logoped-simona-v-nikolovska-02.jpgфото: pexels.com

Како што кажал Рик Хансон ,,Факторот кој има најголем ефект врз развојот на детето е степенот на добросостојба и функционирање на неговата мајка. Ако се грижите за децата - грижете се добро за мајките".

Менталното здравје на родителот е многу важно. Тоа влијае врз начинот на кој ќе се поврзете со вашето дете, врз неговото целокупно здравје, врз вашето семејство и целото општество како целина. Секој од нас заслужува соодветна едукација, поддршка и третман за да се чувствува добро.

Ова е курс кој е создаден со цел да и овозможи на секоја идна или веќе реализирана мајка да работи на љубовта кон себе и љубовта кон своето дете. Ова не е курс за развојни потешкотии или психички нарушувања, ова е курс за секоја мајка која сака да се едуцира и да работи на својот личен раст и развој, исто онолку колку и за правилниот раст и развој на своето дете.

Во буквална смисла „Растеме и се развиваме заедно“.

priklucete-se-onlajn-kurs-za-majki-so-mr-elena-dzebr-i-logoped-simona-v-nikolovska-03.jpgфото: pexels.com

Сè почесто среќаваме мајки кои самостојно се грижат за домот, децата, семејството, при тоа, тоа се мајки кои имаат полно работно време.

Секоја мајка заслужува да биде задоволна со себе, да го почитува своето тело и негува својот дух, како би можела да биде среќна и таа нејзина енергија да ја пренесе на останатите членови од семејството. Мајки кои чувствуваат грижа на совест дека можеби не се доволно добри, исцрпени и уморни од напорното секојдневие. Мајки кои се преплавени со информации, збунети и исплашени затоа што не знаат што е добро за развојот на нивното дете, во меѓувреме, соочувајќи се со целосно намалена грижа за себе и игнорирање на своите потреби. На тој начин, мајките не умеат да поминат квалитетно време со своето дете и да достигнат лична добросостојба, како би давале и примале љубов што е суштински за среќно живеење.

Среќна мајка - Среќно дете.

Од друга страна пак се соочуваме со развојни потешкотии кај децата, кои во голем процент може да бидат предизвикани од неправилната стимулација во средината во која растат. Деца кои се прекумерно изложени на екрани или пак им едноставно им недостига соодветната стимулација. Деца кои се родени со ризик, а им недостига дополнителна стимулација за да имаат правилен раст и развој.

Деца чии родители се неправилно информирани за правилната говорна стимулација, која подоцна носи последици.

priklucete-se-onlajn-kurs-za-majki-so-mr-elena-dzebr-i-logoped-simona-v-nikolovska-05.jpgфото: pexels.com

Будно и активно следете го развојот на Вашето дете и преку овој курс, прирачникот и дневникот, детектирајте ги сите значајни достигнувања кај Вашето дете, а истовремено препознајте ги неправилностите во развојот и навремено реагирајте за нивно стручно потврдување и рехабилитирање.

Научете како правилно да почнете да го стимулирате орално-моторниот развој кај детето, кој е од особено значење за понатамошниот развој на артикулативните органи, кои се одговорни за правилниот изговор на гласовите.

Развивајте ги фините и грубите моторни вештини од првиот ден кај Вашето дете.

Ова е курс за поддршка на мајки кои се чувствуваат преморени, виновни, осамени, безнадежни, или едноставно сакаат да работат на својот личен раст и развој, заедно со своето дете.

Овој курс ќе Ве научи на сите потребни вештини и стратегии, како да се справите со анксиозноста, стресот, личните и семејните граници, контрола, страв, самодоверба, свесното мајчинство. Подарете си го себеси најубавиот подарок за Вашиот личен раст и развој и на Вашето дете. Станете мајка која е среќна, смирена, едуцирана и запознаена со  сите ризици кои ги носи новото време и брзото темпо на живот

Едуцирајте се како да станете мајка која е среќна и смирена во најзначајната улога, улогата МАЈКА на Вашите деца.

ОНЛАЈН КУРСОТ „РАСТЕМЕ И СЕ РАЗВИВАМЕ ЗАЕДНО” СОДРЖИ: 

  • 2  електронски книги 
  •  2 дневници 
  •  50+ видеа 
  •  1 вежбанка 
  •  и 8-неделна поддршка со многу активности и совети за мама и дете.

Повеќе информации за курсот „Растеме и се развиваме заедно” може да погледнете со клик ТУКА

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg