Маја Кикириткова со искрена фотографија: „Ова е мое тело, тело после две бремености, тело после два тешки царски реза“

„Кога останав бремена со Лазар цело време во мисла ми беше природен пораѓај. На докторот постојано му зборував како сакам детето да се роди природно, а он само викаше, Маја додека не влезеш во 36та гн, не правам муабет на темата пораѓај. И во право бил, не ја дочекав 36та недела...“, раскажува Маја Кикириткова.

makedonka-so-iskrena-fotografija-ova-e-moe-telo-telo-posle-dve-bremenosti-telo-posle-dva-teshki-carski-reza-01.jpg

Дизајнерката Маја Кикириткова на својот Инстаграм профил објави фотографија од својот стомак и искрено проговори за двата царски реза, односно за тоа како на овој свет дошле нејзините деца Лазар и Ева.

„Ова е мое тело, тело после две бремености, тело после два тешки царски реза. Да ова се мои лузни, ги сакам и сум горда на нив, една за Лазар и една за Ева.

Кога останав бремена со Лазар цело време во мисла ми беше природен пораѓај. На докторот постојано му зборував како сакам детето да се роди природно, а он само викаше, Маја додека не влезеш во 36та гн, не правам муабет на темата пораѓај. И во право бил, не ја дочекав 36та недела.

Тој ден 22.12.2017, сабајлето бев на преглед кај матичната, ми рече, супер е се’, уживај последните недели од бременоста. Во 17 часот, требаше да одам на јога за трудници. Влегов да се спремам и видов дека сум прокрварела. Александар беше предновогодишно во кафана. Не му се јавив да не го вознемирувам, потсвесно верував дека не е ништо сериозно, иако знаев дека не е во ред. Го побарав докторот и рече, дојди дежурен сум.

Отидов во болница, крварењето беше пообилно. Ми рече, Маја ќе мора да те задржиме во болница, плацентата е одлепена. Ќе те следиме, доколку можеме некој ден да пролонгираме. А јас, ама докторе јас сум 34та.

Му се јавив на Александар, дојде со брзина на светлината. Не можев да издржам ни неколку саати, а не неколку денови. Во 20:10 се роди Лазар. Итен царски, затоа што ако не се реагирало на време, прво се губи бебето, па мајката.

Втор пат бремена, молење да дочекам 36та, милијарда испитувања и пак истото, пак прокрварев, пак 34та, пак во болница и пак итен царски.

И да, не сум царица, царицаХ2 сум, затоа што имам две прекрасни деца, живи и здрави ?

Сите ние сме царици, без разлика дали сме родиле природно или царски. Каква е вашата приказна?“

View this post on Instagram

A post shared by Maja Kikiritkova Trajkovski (@majakikiritkova)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Искрена исповед на мајка: „Тешко ми е летниот период со бебе, кога не можам да излезам надвор“ Кои се вашите размислувања? Дали сметате дека повеќето мајки се&n...
Фрази кои не треба да им ги кажувате на децата-тинејџери „Разочаран/а сум од тебе“ - Да се слушне ова е многу полошо отколку родителот да...
Хрватски психолог советува: „Родителите што премногу им угодуваат на децата се токсични, какви после... И родителите од кои децата се плашат, и оние родители кои се плашат да не ги воз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg