Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мојот 9-годишен син сака од заштедата да си купи брендирана капа од 10.700 денари, дали да му дозволам?“

„Мора да си поставиш сериозни прашања околу плиткиот и материјалистички начин на кој го воспитуваш синот и на вредностите што го учиш. Сирото дете“ е еден од коментарите.

dali-na-mojot-sin-9-da-mu-dozvolam-da-kupi-brendirana-kapa-od-10-700-denari-01.jpg

Мајка од Велика Британија во групата Mumsnet анонимно прашува дали на нејзиниот 9-годишен син да му дозволи да купи Gucci федора шапка од 10.700 денари.

Вели дека нејзиниот син штедел пари од родендени и подароци и дека сака поголемиот дел од заштедата да си го потроши на брендирана шапка затоа што многу сакал мода.

Татко му го поддржал во идејата, но таа самата мисли дека е лудо да му дозволи да ја купи скапата шапка.

dali-na-mojot-sin-9-da-mu-dozvolam-da-kupi-brendirana-kapa-od-10-700-denari-02.jpg

И додека некои од луѓето ја охрабруваат да му дозволи да си ја потроши заштедата на што сака, други ја предупредуваат дека не треба да го охрабрува да биде материјалист од мал и да троши толку многу.

dali-na-mojot-sin-9-da-mu-dozvolam-da-kupi-brendirana-kapa-od-10-700-denari-04.jpg

Еден од коментарите е :„Апсолутно не, каква смешна идеја. Не би потрошила 10.700 денари за брендирано модно парче дури ниту за мене, а не пак за мојот 9-годишник. Мора да си поставиш сериозни прашања околу плиткиот и материјалистички начин на кој го воспитуваш синот и на вредностите што го учиш. Сирото дете.“

„Ако е по модата, тогаш тоа е негова работа. Ако беше по Лего и сакаше да ги потроши парите на тоа верувам дека немаше да биде проблем. Мислам дека секој има право на избор“, заклучи друга мајка.

Што мислите вие за ова? Сте се нашле ли во слична ситуација? Или можеби познавате некој од вашето опкружување со слични маки?

Вистина е дека секој има право да ги троши парите како сака, но сепак е малку претерано...

Повеќе коментари на темата ТУКА!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„По мојот развод на 40 години, си кажав дека нема да се омажам никогаш повеќе, но се премислив“ „Го променив моето мислење кога закрепнав и почнав да му се молам на Бог да ми д...
Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...
„Ајде да ја оставиме мама да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку намуртена“ „Ајде да ја оставиме мама денес да се наспие, можеби тогаш нема да биде толку на...
„Вратата од собата на мојот син тинејџер постојано е затворена - неговиот свет има ѕидови за мене и ... Невидлива сум за него, осаменичко е чувството за имате дете тинејџер... Поминаа ...
Мисли кои ги мачат бремените жени, но се срамат да ги изговорат гласно „Во што ли се впуштив?!“, „Па ова е многу тешко!“... Во бременоста, жените се со...
Едвај чекам да ѝ кажам збогум за најлошата година во мојот живот 2024-та, барем за мене, се покажа како една од најнеубавите години во животот. И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg