10 трикови и совети со кои ќе им помогнете на вашите деца да изградат добар меѓусебен однос

Ривалството помеѓу браќата и сестрите не е ништо ново и е сосема нормална појава, но некогаш вие, како родител, морате да им помогнете да ги надминат разликите меѓу нив.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos01.jpg

Важно е да ги охрабрите децата да се однесуваат добро едно кон друго и да се почитуваат, а со тоа и да им помогнете да изградат добар меѓусебен однос.

Во продолжение погледнете 10 трикови и совети што ќе ви помогнат во тоа:

Избегнувајте да ги споредувате

Сите луѓе се различни и сите имаат свои предности и недостатоци, а ова важи и за вашите деца. Можеби едното дете е одличен математичар, а на другото не му оди математика, но сигурно има друг талент како, на пример, за цртање. Во овој случај никогаш не треба да ги споредувате нивните квалитети. Наместо тоа, помогнете им да се фокусираат на она што им оди.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-02.jpg

Почитувајте ги нивните различни желби и потреби

Наједноставен пример за ова е купувањето играчки. Можеби сметате дека ако на двете деца им купите иста играчка тие нема да се караат. Но голема е веројатноста децата да имаат различни вкусови и желби, па подобро е да купите различни играчки со иста вредност, во зависност од интересите на децата.

Истото важи и за вонучилишните активности – ако едното дете сака кошарка, немојте да го присилувате и другото да почне да игра ако тоа повеќе сака танцување или што било друго.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-03.jpg

Научете ги да соработуваат

Како родител, важно е да им давате можности на вашите деца да соработуваат. Кога, на пример, станува збор за домашните обврски, направете им распоред – едното дете нека ги измие садовите, а другото нека го исчисти подот.

На овој начин ќе ги научите да си ги делат обврските, без разлика дали во домот или за нешто друго, а со тоа и да соработуваат.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-04.jpg

Не се мешајте во нивните разговори

Освен ако децата не почнат жестоко да се караат, најдобро е да не им се мешате во разговорите. Без разлика за што дебатираат, оставете ги самите да го завршат разговорот, освен ако тие не побараат совет или мислење од вас. Во спротивно, ако одбраните едно од децата во дебатата, другото може да почувствува љубомора и одбивност.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-05.jpg

Одвојувајте време за семејни активности

Семејните активности како гледање филм или играње игри се одличен начин да се зближете, но и да им помогнете на вашите деца да изградат добар однос едно кон друго.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-06.jpg

Научете ги да ги разбираат нивните емоции

Нормално е децата да се скараат и да си бидат лути, но во ваквите ситуации помагајте им да ги разберат нивните емоции. Кажете им дека е нормално некогаш да почувствуваат негативна емоција кон братот или сестрата, но и нагласете им дека подобро е да разговараат за тоа и да кажат зошто се почувствувале така, отколку да се лутат. Со ова децата значително ќе ја подобрат комуникацијата меѓу себе.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-07.jpg

Научете ги да си кажуваат убави работи

Покажете им на децата дека треба да си кажуваат убави работи едни на други. Прашувајте ги што им се допаѓа најмногу кај братот или сестрата, охрабрувајте ги да си кажуваат дека се сакаат и дека се ценат…

Ова дефинитивно ќе го зајакне нивниот однос.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-08.jpg

Најдете им заедничка активност

Ова е уште еден начин да ги научите децата да соработуваат. Можете да им речете заедно да направат роденденска честитка за член од семејството, заедно да играат некоја игра, заедно прочитаат сликовница или книга…

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-09.jpg

Не се мешајте кога се забавуваат

Штом ќе забележите дека децата си играат заедно и се забавуваат, немојте да го прекинувате тоа. Некогаш дури и оставете ги да си легнат подоцна или да прескокнат некоја неважна обврска ако гледате дека си поминуваат одлично.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-10.jpg

Слушајте ги внимателно и посветувајте им исто време и внимание

Ако едното дете забележи дека му обрнувате повеќе внимание на друго, нормално е да се почувствува лошо, па дури и да почувствува омраза кон братот или сестрата. Вие како родител мора да им обрнувате исто внимание на сите ваши деца. На пример одвојте 15-тина минути пред спиење за секое од децата. Во овој период ислушајте го за сè што сака да ви каже и целото ваше внимание нека биде насочено кон него.

10-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-im-pomognete-na-vashite-deca-da-izgradat-dobar-megjuseben-odnos-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg