Виснати гради, хемороиди: Искрени ТикТок видеа за тоа како се менува телото по бременоста
Мајки искрено прикажуваат какви последици имаат врз своите тела од бременоста, но порачуваат овие видеа да не ве плашат затоа што сета мака вреди и е магично да создадете друго човечко суштество.
Што му се случува на вашето тело ппо бременоста? Давате живот на друго суштество и тоа е магична работа, но за жал бременоста од 9 месеци има последици врз вашето тело.
Да се биде мајка не е лесно, па мајки искрено се исповедаат на ТикТок за несаканите последици од бременоста, но не заборавајте дека искуството вреди повеќе од која било последица.
Трендот на споделување на ваквите маки го почна Медисон Бринкдоп, мајка која отворено кажа дека најлошата последица од бременоста ѝ се хемороидите и дека ситуацијата не ѝ се подобрува и се плаши што ќе се случи при наредната бременост.
@cartersmomma Let’s open up this TMI conversation, mamas. #momsoftiktok
♬ original sound - ✨Madison✨
Друга мајка пак прикажа како ѝ виснале градите: (видеото е одговор на првото, затоа ја има првата мајка, кликнете на него)
@myehalsall #stitch with @cartersmomma they drained me dry ? #breastfeeding #breastfedbabies #saggytittycomittee #2babiesunder15months #momproblems #pregnancy
-->♬ original sound - call me Mye
Tрета проговори за повредените нервни завршетоци при царскиот рез и немањето чувство долу: (видеото е одговор на првото, затоа ја има првата мајка, кликнете на него)
@kirstylondon #stitch with @cartersmomma #tmi #mumtiktok #mumsoftiktok #postpartumbody #fyp #luckyme
♬ original sound - kirstylondon
Но, заклучокот на сите овие мајки е дека сета мака вреди затоа што сте создале, растете и храните друго човечко суштество и тоа е нешто неверојатно.
С. С. | Црнобело