20 совети - Како да воспитате син кој утре ќе порасне во среќен и стабилен маж?
Секоја мајка си има свои начини и совети за воспитување на детето, но кога се работи за син кој сакате да прерасне во стабилен и среќен маж, од клучно значење се 20 точки.
Секако, тоа не значи дека некои од овие совети не важат и за женските деца, но овојпат се фокусираме на машките.
Ова е листата која може да ви послужи како водич доколку сметате дека се вклопува во вашиот начин на воспитување:
1. Едноставно, дозволете му да ја скрши играчката. Не се вознемирувајте. Момчињата учат правејќи грешки.
2. Дајте му нешто да ја ослободи својата енергија – тапани, вреќа за удирање, отворен простор за да трча колку што го држат нозете, куче со кое ќе си игра...
3. Објаснете му дека вежбањето и повторувањето е најлесен начин да стигнеш до совршенство.
4. Кога ќе праша „зошто?“ секогаш дајте му одговор. Ако не го знаете одговорот, побарајте го заедно.
5. Научете го вербално да го искажува она што го чувствува.
6. Дозволете си да ве интересираат неговите интереси – научете нешто повеќе за фудбалот или технологијата.
7. Излезете надвор заедно. Исклучете го телевизорот, телефонот и лаптопот и излезете од дома. Следете ги неговите желби.
8. Бидете верен обожавател без приговарање и жалење.
9. Научете го да зачисти зад себе, да зготви неколку јадења, да си ги крене чорапите и да си ја запегла кошулата.
10. Читајте му, но и читајте со него. Децата читаат колку што возрасните во нивна околина го прават истото.
11. Охрабрете го да игра! Музиката, ритамот и танцот не се само женска работа.
12. Зборувајте му за храбрите луѓе, паметните, силните, талентираните и чесните лица, не за убавите.
13. Научете го на основен бонтон и културни манири – како да се ракува, да ги гледа луѓето во очи додека зборува, да каже благодарам и те молам, да го отстапи местото на постарите и ранливите...
14. Дајте му нешто во што може да верува, кога вие не сте тука.
15. Научете го дека мора да биде нежен кон малите деца, животните, растенијата и емоциите на другите луѓе.
16. Нека изгуби понекогаш. Колку и да сакате да е победник, важно е да знае да се справи со емоциите кога губи.
17. Таткото нека го научи на важните работи. Мајките треба да дозволат и тој да му биде пример. Не е добро обврските да ги преземаат само мајките.
18. Изградете му замок од ќебиња, перници, столчиња... Научете го како да создаде нешто од ништо.
19. Прегрнете го и бакнете го. На момчињата им е потребна нежност исто колку и на девојчињата.
20. Најважно е да знае дека секогаш е со вас во срцето. Бидејќи, кога ќе порасне, што и да прави, ќе се сеќава на вас.
М. Д. | Црнобело