Моите деца немаат стриктно „време за спиење“, знам, многу мајки ќе ме осудат...

Најголем дел од децата на моите пријатели се веќе во кревет во 20 часот. И тие имаат време да воздивнат и со душа го чекаат моментот кога ќе завршат со „родителските обврски“ и си имаат време за себе.

moite-deca-nemaat-striktno-vreme-za-spienje-znam-mnogu-majki-ke-me-osudat-01.jpgфото: depositphotos.com

Не, не осудувам никого. Ако ова така функционира во вашето семејство, одлично. Всушност сите семејства се трудат да воспостават некаков ред. Но, ова не е случајот кај нас...

Моите деца си легнуваат доцна.

И стануваат доцна.

И тоа е сосема во ред.

И јас сум ноќна птица.

Околу 2 часот после полноќ сум најкреативна. Како автор на книги, тогаш најдобро можам да се фокусирам на пишување.

Нашите деца ги обожаваат ноќните дружби. Сите сме релаксирани после напорниот ден, уживаме во заеднички игри или гледаме филмови заедно. Цртаме или читаме. Ова време е навистина посебно за сите нас.

Започнавме со ваков начин на живот откако слушнав дека постојат семејства кои не се опседнати со ред и дека нешто „мора“ да се случи во одредено време. На почетокот си мислев дека се „луди“.

Но, колку повеќе размислував, толку повеќе и за мене овој начин добиваше смисла. Децата навистина се способни и можат да препознаат што сакаат и што им е потребно.

На почетокот беше тешко.

Најстариот син си сфати дека ова му е шанса да не мора никогаш да спие.

Го водев и го научив да препознава кога треба да си легне, и му укажав за ефектите кои се појавуваат кога ќе легне премногу доцна.

Не е дека одеднаш престанав да бидам родител на моите деца само затоа што немаа одредено време за спиење. Секако дека легнувањето во 19 часот беше полесно и за мене. Но, она што е полесно и поедноставно, не секогаш е и правилно.

moite-deca-nemaat-striktno-vreme-za-spienje-znam-mnogu-majki-ke-me-osudat-03.jpgфото: depositphotos.com

Сега тие се веќе поголеми и доволно способни за да си одлучат кога ќе си легнат и станат.

Уживав во друштвото на ќерките додека да заспијат. Пеевме песни, раскажувавме случки, читавме книги. Моменти кои ми даваа мир и голема љубов.

„Без екрани“ е единствената забрана која ја имаат, затоа што забележавме дека не можат да се фокусираат и да ги препознаат знаците на умор и пораката која им ја испраќа телото кога се занесени во екраните.

Сега ги исклучуваме сите паметни уреди порано и потоа си играат додека не се уморат и не почувствуваат дека треба да си легнат.

„Легнувањето“ може да биде во 21 часот, но може да биде и во 1 по полноќ.

Стануваме исто така сите во различно време, зависно од обврските.

Навистина е едноставно.

Спиеме кога ќе се измориме.

Ја сакам слободата која постои во нашиот дом.

Извор

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg