Жена (44) и маж (51) станаа родители на тројка, по години неуспешни обиди

Размислувале и за посвојување, но процедурата била тешка и траела 5 години, а во еден миг дури почнале да се помируваат дека не им е судено да станат родители, но следувало вистинско чудо...

zhena-44-i-mazh-51-stanaa-roditeli-na-trojka-po-godini-neuspeshni-obidi-01.jpg

Пар доби три бебиња, по 4 спотани абортуси и повеќе од 16.000 евра дадени за асистирано оплодување.

Леони Фицџералд од Велика Британија родила три прекрасни девојчиња на 44-годишна возраст со нејзиниот 51-годишен сопруг Питер.

zhena-44-i-mazh-51-stanaa-roditeli-na-trojka-po-godini-neuspeshni-obidi-05.jpg

„Минавме скоро 6 години обидувајќи се да добиеме бебе и тоа нѐ уништуваше емоционално. Прво ни беа потребни речиси три години за да забременам природно на 41 година, бевме пресреќни, но тогаш во 13-тата недела од бременоста доживеав спонтан абортус“, потоа следеа уште абортуси од асистирано и природно оплодување. Нашиот сон да станеме родители ни се лизгаше низ прстите, изјави Леони.

zhena-44-i-mazh-51-stanaa-roditeli-na-trojka-po-godini-neuspeshni-obidi-04.jpg

Таа вели дека размислувале и за посвојување на дечиња, но се чекало 5 години. Вели дека ја променила и работата за помалку стресна, одела на акупунктура, пиела чаеви од билки и што уште не. Потрошиле повеќе од 60.000 евра на целата оваа процедура.

И токму кога почнале да размислуваат дека не им е судено да станат родители, тие се решиле за последен обид со асистирано оплодување и од оваа бременост Џејми добила 3 прекрасни бебиња.

Таа вели: „Верувам дека во животот го добивате тоа што ви е потребно, а не тоа што го сакате“.

Породувањето минало многу тешко, но таа вели дека вредело да го мине целиот тој трновит пат за да ги добие нејзините малечки.

zhena-44-i-mazh-51-stanaa-roditeli-na-trojka-po-godini-neuspeshni-obidi-03.jpg

Фотографии од семејството:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg