Зошто мајка ѝ закачува сунѓерчиња на капата на својата ќеркичка?
Мајка од Русија смислила како нејзиното детенце да не се повредува кога учи да оди. Креативно или бесмислено?
Мајка смислила интересен трик како нејзината ќеркичка да не се повредува додека учи да оди.
Маргарита Немировскаја од Сочи, Русија, одлучила на капите на својата ќеркичка да сошие сунѓерчиња за кога нејзината 11-месечна Лилија ќе паѓа да не си ја повредува главата.
Оваа мајка истиот трик го користела и со нејзината постара ќерка, 2-годишната Емилија.
„Идејата ми дојде ненадејно. Јас им дозволувам на девојчињата да учат да стојат и да го испитуваат просторот околу нив, но тие паѓаат и не сакам да има некои сериозни последици“, вели Маргарита.
Како ви се допаѓа овој трик?
С. С. | Црнобело