Неверојатната врска на мајките од целиот свет и нивните деца, низ фотографии
Михаела Норок е фотограф од Романија и најмногу сака да прави портрети на жени. Бидејќи и самата е мајка, Михаела решила да започне посебен проект со кој ќе ја долови убавината на мајчинството ширум целиот свет.
Според Михаела, неретко е вистински предизвик да се долови поврзаноста на мајката и нејзините деца, но токму тоа ја терало да продолжи да ги прави овие фотографии:
„Некогаш на децата не им се допаѓа камерата и поради неа се чувствуваат непријатно, па доловувањето на посебната хемија помеѓу мајката и детето причинува вистинско заздоволство“.
Исто така, Михаела се надева дека овие фотографии ќе измамат насмевка на вашето лице во овој тежок период:
„Мислам дека љубовта на мајката е најинтензивното чувство што постои и треба да дозволиме да нè инспирира и да ја отстрани негативноста“.